Home All NGO Projects Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество работеше на следењето на...

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество работеше на следењето на Комуникациската стратегија 2026–2028

89
0

Скопје, 27 ноември 2026 година – Во рамките на поддршката од Европската Унија за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Северна Македонија, на 27 ноември се одржа работилница посветена на Рамката за следење и евалуација на Комуникациската стратегија 2026–2028 на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

На работилницата учествуваа претставници на Советот, владините институции, граѓанските организации, Секретаријатот, Делегацијата на Европската Унија и експертскиот тим на проектот.

Главната цел беше утврдување на почетните и целните вредности на показателите за следење на спроведувањето на Стратегијата, распределба на одговорностите за собирање податоци и подготовка на систем за редовно следење на постигнатите резултати.

Работата се одвиваше во четири тематски групи, фокусирани на ангажманот и консултациите со засегнатите страни, видливоста и досегот до јавноста, внатрешната координација и институционалната соработка.

Посебен дел од работилницата беше посветен и на разгледување на Образецот за Годишниот извештај за комуникации за 2026 година, утврдување на расположливите податоци и идентификување на обврските и следните чекори за негово подготвување.

Работилницата претставува важен чекор кон воспоставување поефикасен, потранспарентен и мерлив систем за спроведување на Комуникациската стратегија за периодот 2026–2028, со јасно дефинирани одговорности и редовно известување за постигнатите резултати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here