Проектот ги обединува напорите за унапредување на соработката меѓу ромските граѓански организации и институциите
Скопје – Здружението Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ, во рамките на проектот „Чекор по чекор до полноправно членство“, наскоро ќе организира завршна конференција на која ќе бидат презентирани резултатите од проектот, реализираните активности и идните насоки за унапредување на соработката меѓу ромските граѓански организации и институциите.
Проектот е насочен кон поддршка на европската интеграција на Северна Македонија преку унапредување на правата, еднаквото учество и социјалната вклученост на Ромите. Посебен акцент е ставен на зајакнувањето на граѓанското општество, развојот на одржливи механизми за соработка и размената на позитивни практики од регионот, вклучително и искуствата од Хрватска.
Во рамките на проектот се реализираат активности за развој и унапредување на Националната ромска платформа, преку работни средби, тркалезни маси, дискусии и соработка со претставници на граѓанските организации и институциите. Во фокусот се можностите за поголемо учество на ромските организации во процесите на креирање политики, унапредувањето на институционалната соработка и јакнењето на нивната улога во процесите на европска интеграција.
Завршната конференција ќе претставува можност за сумирање на постигнатите резултати, размена на мислења и утврдување на следните чекори за продолжување на соработката и унапредување на положбата на Ромите.
Проектот го спроведува Здружението Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ, со финансиска поддршка од Министерството за односи меѓу заедниците.
За датумот, местото на одржување и програмата на завршната конференција, јавноста ќе биде дополнително информирана.
















