Home All Education Прво место на манифестацијата „Карпош има талент“ за учениците Роми од ООУ...

Прво место на манифестацијата „Карпош има талент“ за учениците Роми од ООУ „Аврам Писевски“

1
0

Вчера вечерта во Драмскиот театар Скопје Општината Карпош ја реализираше манифестацијата „Карпош има талент“ по повод деновите на Општина Карпош. На оваа манифестација како едно од 10-те училишта од општината свое учество со музичка точка зема и основното училиште, „Аврам Писевски“

 Учениците од ова училиште настапија со композицијата „Чае шукарије“ која ја подготвуваа под менторство на наставничката по Музичко образование Слаѓана Чекичевска и наставничката по Јазик и култура на Ромите, Џеврије Фасљии и дефектологот Маријана Грчевска Чадиковска.

Учениците од срце ја изведоа оваа точка и беа наградени со Прво место, како најдобра точка и изведба на манифестацијата.

Освојувањето на првото место претставува голема радост и поттик за сите ученици и вработени во ООУ „Аврам Писевски“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here