Home All Education Објавен Конкурс за доделување на 1200 стипендии за средношколци ученици Роми во...

Објавен Конкурс за доделување на 1200 стипендии за средношколци ученици Роми во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година

1
0

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за доделување 1.200 (илјада и двесте) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Македонија за учебната 2024/2025 година.

Во конкурсот е наведено дека во учебната 2024/2025 година се доделуваат вкупно 1.200 стипендии за средношколци Роми во четири категории, од кои:

1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 340 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 3.000 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4,50 до 5,00 во последната учебна година;

2. Во втората категорија се доделуваат 390 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 2.300 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3,50 до 4,49 во последната учебна година;

3. Во третата категорија се доделуваат 250 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 1.700 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3,00 до 3,49 во последната учебна година;

4. Во четири категорија се доделуваат 220 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 1.200 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2,00 до 2,99 во последната учебна година.

Учениците што ги исполнуваат условите од Конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на e-uslugi.mon.gov.mk, од денот на објавување на конкурсот до 10.10.2024 година.

Link- Упатство за апликација

https://mon.gov.mk/content/?id=8787

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here