Вмрежувањето е клучно за одржливи и трајни промени во ромската заедница!
Повеќе од 15 претставници на граѓанските организации на втората стратешка средба за вмрежување на ромски и проромските организации споделија конкретни насоки за заедничка соработка и застапување на ромските прашања во процесот на пристапот кон ЕУ. Средбата се одржа на 9 јули во Ми Каса во Скопје.
Во таа насока подготвен е Протокол за соработка помеѓу организациите во насока на заедничко и организирано застапување.
„Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ” е проект кој има за цел активно и значајно учество на ромските граѓански организации во донесувањето одлуки и структурираниот политички дијалог за инклузија на Ромите, со цел поефикасна имплементација на реформите за пристапување во ЕУ.
Имплементатори на проектот се Roma Democratic Development Association Sonce АДДР Сонце во партнерство со РАЖМ „Лулуди“ – Roma women and youth association “Luludi” РАЖМ „Лулуди“, РРЦ – Ромски Ресурсен Центар | RRC – Roma Resource Center РРЦ – Ромски Ресурсен Центар и Symplexis Symplexis (Грција), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) на Европската Унија Програмата за поддршка за граѓанското општество и мрежи/платформи на медиуми за унапредување на секторските реформи и пристап на Република Северна Македонија во ЕУ (EuropeAid175431/DD/ACT/MK).














