Home All Politics Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена...

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија

1
0

На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Тој е роден во Кавадарци во 1935 година. 

Се сметал за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија. Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година).

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше партијата до спојувањето со Демократската партија во 1997 година, кога е избран за претседател на Советот на новоформираната Либерално-демократска партија (ЛДП). 

На првите повеќепартиски избори во 1990 година е избран за пратеник во Собранието, а подоцна и на сите наредни избори во земјата. Во три мандати бил претседател на Собранието. По атентатот на поранешниот претседател, Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година, извесен период ја врши и функцијата претседател. 

Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори во 1999 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here