На овогодишните парламентарни избори политичката партија Нова Алтернатива, за прв пат самостојно учествува со нова енергија, нови луѓе и како нова опција каде ги повикува граѓаните кои веруваат дека со борба против корупцијата и криминалот и воедн како што велат: „Заедно ќе обезбедиме подобра иднина, да гласаат за бројот 9. Меѓудругото од Нова Алтерматива велат:
- Сите заедно, со една идеја – правда за Македонија, да се обединиме и да се избориме за еднакви можности, за економски просперитет. Заедно да обезбедиме правна држава во која ќе нема привилегирани и секој ќе биде еднаков пред законите.
- Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас – граѓаните, држава во која ќе владее ред и поредок.
Нова Алтернатива има пет постулати на кои се базираат сите останати нивни програмски определби, а чија основа се правдата, правичноста и просперитетот. Уверени се дека со сузбивање на корупцијата, сите останати програмски проекти едноставно ќе се реализираат, имајќи во предвид дека во овој момент криминалот, корупцијата, недостигот на владеењето на правото и правната сигурност се едни од најголемите предизвици со кои што се соочуваа нашето општество и Македонија.
Инаку на овие избори од ромската заедница за листа на пратеници кандидран е и Геге Демировски кој е втор на листата од ИЕ 3.
Инаку Нова Алтернатива како носители во Изборните единици се кандидраа во четири ИЕ.
Во ИЕ 1 носител е претседателот Данела Арсовска., во ИЕ 2 – Драган Митковски , ИЕ 3 – Ирена Витина и на ИЕ 4 – Ана Цамбулева.













