Home All IRU Започна 12-от ИРУ Конгрес во Скопје, Северна Македонија

Започна 12-от ИРУ Конгрес во Скопје, Северна Македонија

1
0

Како што беше најавено денес започна со работа 12 Конрес на ИРУ кој се одржува во Скоопје, Северна Македонија, Главните панел дискусии и изборот на  ИРУ Претседателството се  случува денес (4 април) и утре 5 април. Но активностите започнаа уште вчера, каде ИРУ делегатите беа примени во Парламентото на Р.Северна Македонија од страна на пратеникот Љатифа Шиковска и имаа одлична дебата во парламентот,

Денеска на стартот од ИРУ Конгресот свои воведни поздравни говори имаа европратеникот Ливија Јарока преку видео јавување, а честитки во писмена форма испрати и Ген.секретар на ОН Антонио Гутереш.

Исто така свои поздравни говори имаа Данела Арсовска градоначалникот на град Скопје, како и делегатот од Норвешка Торе Јарл Биеленберг кој е воедно и еден од учесниците на Првиот ромски конгрес во 1971 во Лондон, Тој а исто и Верандра Риши од Индија беа прогласени за почесни ИРУ претседатели.

Во рамки на Конгресот на ИРУ се одржаа и панел дискусии на темите:  Тема: „Младите Роми и глобалните политики во ЕУ“ Модератор: Надир Реџепи, „Ромски инвестициски фонд“ – Ромски бизнис форум Модератор: г-дин Наташа Амдиу, Иднината на ромската заедница во Европа и светот.  За правата на маргинализираните заедници во кризнитерегиони. Модератор: Стефано Кужицов, потпретседател на ИРУ, Борба против структурната дискриминација, антициганизмот и почитувањето на човековите права и  правата на жените Ромки Модератор: г-дин Адмир Исмановски  а за 5 Април ќе биде одржана Панел дискусија за култура, јазик, традиција и религија кај Ромите Модератор: Суми Јусуке, делегат на ИРУ, Јапониа и Трибина „Улогата на ромските медиуми и продукции во креирањето филмски проекти со ромска тематика“. Исто на 5 април е изборот на новото ИРУ раководство со мандат од четири години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here