Home All Culture Костадиновска-Стојчевска: Да се прави разлика меѓу Ром и циган, Ромите се народ...

Костадиновска-Стојчевска: Да се прави разлика меѓу Ром и циган, Ромите се народ впишан во Уставот

1
0

Како што информира Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Македонија иако по територија е мала држава, таа е дом на многубројни етнички заедници.

„Ромите се народ кој е признат и впишан во македонскиот Устав, имаат своја општина, свој градоначалник, своја локална самоуправа, единствена во Европа. Но, не значи дека предрасудите автоматски исчезнаа. Долготрајни беа напорите и на институциите, но уште повеќе на невладиниот сектор, најнапред да се направи разлика меѓу циган и Ром, да се разбере дека првиот збор има навредлива симболика, а дека вториот е точниот збор. Ром како народ“, рече министерката за култура.

Таа додаде дека високо ценејќи ја културата на Ромите и нејзината посебност како нивно нераскинливо идентитетско обележје, Министерството за култура, и покрај неколку слабости што ги акцентираше во Националниот акциски план за културата, е силен сојузник и поддржувач на реализацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030.

Таа истакна дека културата не е семоќна, но е силна порака и затоа треба, како што рече, преку националните културни вредности да ја збогатиме колоритноста на идентитетската карта на Европа и со меѓусебно почитување да создадеме заеднички културен простор, удобен за сите

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here