Home All Music Почина кралот на Ромската музика Ферус Мустафов, погребот ќе биде во...

Почина кралот на Ромската музика Ферус Мустафов, погребот ќе биде во Скопје

1
0

По кусо боледување ноќеска почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов(72).

Веста за неговата смрт рано утрово ја дознале и членовите на неговото семејство.

-„Починал ноќеска, лошите вести утрово ни ги кажаа. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и ќе ни се врати, но за жал ни замина. Некои медиуми напоменаа дека по негова желба погребот ќе биде во Штип, каде е роден и каде последните години живееше со семејството, но според последните информации тој ќе биде погребан во Скопје„ – велат од семејството

Ферус имаше мозочен удар на 26 април и од тогаш е во болницата „8 Септември“. Според зборовите на најблиските, се ннадеваа дека состојбата ќе се подобри, но за жал, тоа не се случи. 

Ферус Мустафов беше долгогодишен музички уредник на првата ромска приватна телевизија ТВ БТР – Национал и реализатор на многу забавно музички проекти на ТВ БТР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here