Home Uncategorized Во Европа постои проблем со Ромите поради длабоко вкоренета омраза кон нив.

Во Европа постои проблем со Ромите поради длабоко вкоренета омраза кон нив.

4
0

Низ цела Европа, милиони луѓе ги трпат последиците од невработеноста и им се заканува долг период на економска стагнација. Но, ниту една група тоа не ја погоди потешко отколку Ромите.

 

Во Европа има над 12  милиони Роми, главно концентрирани на Балканот и во најновите членки на Европската унија, особено во Романија, Бугарија, Словачка и Унгарија. Она што е навистина шокантно е дека нивните услови за живеење, всушност, се влошија откако многу од нив станаа граѓани на ЕУ. Во исто време, ставовите на мнозинското население кон нив станаа уште понегативни речиси насекаде низ Европа.

Овие две тенденции взаемно се потпомагаат: маргинализацијата создава презир и обратно. Единствен начин да се избега од оваа стапица е вложување во образование, кое би се вратило на општеството во форма на огромни социјални дивиденди. Да се потсетиме, на пример, дека Ромите претставуваат повеќе од 20 отсто од новите учесници на пазарот на труд во наведените земји.

 

Што може да направи ЕУ да им помогне на европските Роми? Европската комисија одигра многу значајна улога низ структурните фондови, кои покриваат до 80 отсто од дополнителните трошоци за интеграција на Ромите. За жал , останатите 20 отсто тешко се наоѓаат, поради раширените анти-ромски ставови во цела Европа.

 

За да ги разбиеме негативните стереотипи, ромските деца мора да се едуцираат да го истакнуваат и да се гордеат со своето ромско наследство. Тоа го направи РЕФ. Образованите Роми не се вклопуваат во стереотипите, така што лесно може да се спојат со мнозинското население, но останува непријателскиот став на мнозинството. Кога пристапот што го разработи РЕФ би бил пошироко усвоен, тоа многу би придонело за уривање на стереотипите.

 

Но, само образование не е доволно. Ромите, исто така, треба да бидат способни да најдат вработување. Трајно решение ќе значи Европа да изгради ромска работничка класа. Тука, приватниот сектор има улога. Експертите од Европската комисија и од моите фондации развиваат пробни проекти да овозможат стажирање во приватниот сектор за ромските деца кои посетуваат занаетчиски училишта.

 

Романија веќе има слична програма за мнозинското население, а министерот за образование Ремус Прикопие вети дека ќе ја отвори за Ромите. Ги повикуваме и другите држави да преземат слични чекори.

 

Да бидеме искрени: Во Европа постои проблем со Ромите и ситуацијата се влошува. Но, и проблемот и неговото влошување се одраз на отровната комбинација на длабоко вкоренета омраза и упорно запоставување.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here