Home All NGO Projects НРЦ испраќа повик за соработници за информативно точки

НРЦ испраќа повик за соработници за информативно точки

4
0

Поради потребата од реализација на активностите во рамките на проектот„Преку засилен глас до подобри здравствени услуги за жените Ромки – продолжение„, Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Куманово има потреба од 3 соработници/чки во Куманово, Кочани и во Штип.

 

Соработниците/чките ќе работат како контакт лица на информативните точки во ромските населби во овие градови во период од 10 месеци.

Тие ќе треба два пати месечно да организираат штандови – информативни точки во ромските населби и да ги информираат граѓаните за нивните здравствени права и услуги, кои се загарантирани од страна на државата.

Под раководство на НРЦ исто така, ќе имаат задача да спроведат и истражиување на терен.

Вештините кои што треба да ги поседуваат соработникот/чката се:

– Да има завршено средно образование

– Да живее во градот за кој се однесува повикот: Куманово,Кочани и Штип

– Да го зборува јазикот на ромската заедница во која че се реализираат информативните точки

– Да познава работа на компјутер – Wоrd Document, INTERNET, пишување е маил

– Да поседува добри комуникациски вештини

Соработниците/чките ќе имаат 2 тренинга кои ќе се запознаат со активностите кои што треба да ги спорведуваат, со проектот и со начинот на спроведување на истражување на терен. Двата тренинга ќе бидат еднодневни и се задолжителни.

Сите заинтересирани за позициите треба да испратат кратко мотивациско писмо и кратка биографија (CV).

Краен рок на пријавување е до 16 јануари 2016 година – петок, а пријавите да се испратат на е-маил адреса: [email protected]

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here