Home Uncategorized На просторот на поранешна Југославија живеат 1,8 милиони луѓе помалку отколку во...

На просторот на поранешна Југославија живеат 1,8 милиони луѓе помалку отколку во 1991 година

1
0

Во поранешна Југославија во 1991 година живееле 23.542.815 жители , додека моментално во некогашните поранешни југословенски републики живеат околи 21.8 милиони луѓе.

 

Поточно, во поранешните југословенски републики (со исклучок на Косово) моментално живеат 19.921.197, се проценува дека во Косово моментално живеат околу 1.8 милиони луѓе.

Истовремено, според последните податоци од пописот во 2011 годиа, во Косово живеат 1.739.825 луѓе, без податоци од Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечани, општини кои се населени со Срби.

Највеќе жители споредени со статистички податоци во однос на 1991 година недостасуваат на територијата на Србија – 722.335.

Поточно во просторот на Србија и Војводина според пописот во 1991 година живееле 7.836.728 жители, додека сега според проценките, на оваа територија живеат 7.114.393 жители.

И доколку се вклучи податокот дека според проценка на Косово моментално живеат 1.8 милиони луѓе тоа е за 150.000 жители помалку споредено со поисот од 1991 година. Тогаш на територијата на Косово живееле 1.954.747 жители. Споредбено на територијата на Србија со Војводина и Косово живеат 880.000 жители помалку споредено со пописот од 1991 година.

Босна и Херцеговина моментално има 549.690 жители помалку во однос на 1991 година. Според пописот во Бих во 1991 година живееле 4.377.083 жители, додека според сегашните проценки 3.827.343 жители. Во Хрватска според пописот од 1991 година живееле 4.670.344 жители додека моментално има 4.224.316.

Во Словенија има раст од 100.268 жители, каде во 1991 година броела 1.962.606 а сега 2.062.874 жители. Благ раст има и во Македонија и тоа од 35.208 жители. Во 1991 година Македонија броела 2.033.964, а сега околу 2.069.172 жотели. Симболичен раст има и во Црна Гора од 6.832 жители. Во 1991 година Црна Гора броела 615.267 жители додека сега таа бројка изнесува 622.099 жители.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here