Колумна на Андријано Џеладин Roma News: Колективност или индивидуализам?

Последниве денови, месеци, години на социјалните мрежи се коментира како може Ром на Ром да му најде грешки за да може на некои луѓе да им се наштети на нивниот авторитет, влијание како на личен  така и на професинален план, и што е најтрагично сето тоа го пишуваат на македонски јазик, за да можат и македонците да ни аплаудираат за нашите внатрешни ромски несогласувања.

Се истакнуваат кој повеќе вреди, за повеке лајкови и коментари на ФБ , но тоа не е вистинското мерило за вашата видливост , а ниту мерило колку сте влијателни, и секој пат дискусијата е во наоска да се превземат колективните интереси , но за жал тие и понатаму работат на индивидуални интереси, и со тоа се мери кој колку вреди.

Разбирливо е дека секој од нас има свои индивидуални вредности, но таа вредност е потребно да се насочи еден кон друг, и со тоа да знаеме како можеме нашиот индивидуализам во  колективен интерес, и еднаш  засекогаш да се работи во интерес на заедницата затоа што во нашите дискусии, заедницата секгаш е на последно место ,а другите не дискриминираат , сегрегираат и понатаму сме невидливи во општеството, а што правиме ние како колектив или индивидуи за да се смени таа слика? (Го заковуваме клинецот уште подлабоко).

Како индивидуалци треба најпрво да се запрашаме, пред да влеземе во дискусија од незнаење , и само да си го поминеме времете на социјалните мрежи, зошто сме денеска во оваа состојба?

Одоговорноста или прашањето треба да е поставено кон луѓето за кого го дадовме нашиот глас на некои избри , ако се од локален карактер да се братиме до Градоначалникот, ако е национален од луѓето за кој гласавме на парламентрарните избори

За тие луѓе за кои ги дадовме гласовите кај нив е и најголемата одговорнст и да ни  одговорат на нашите прашања зошто нашата заедница е сега во ваа состојба , затоа што тие ја креираа плитиката со нивните калициски партнери , како да го подобрат животот на Ромите во државата, треба да кажат зошто е блокиран, која е причината, и зошто е неуспешна имплементацијата , дали има некој проблем зошто не е унапредена заедницата во системските решенија во инклузија, или воопшто можеби досегашните политики ги спроведуваат некомпентентни луѓе?  И сега кога заедницата преку разни иницијативи, преку свежа енергија, се обидува да го промени наративот, се будат другите од длабокиот сон одредени политички партии , и навлегуваат во дискусиите со критики кон новата свежа енергија?

Потребно е да разберат дека толку им беше силата и моќта, дека до тука можеа да направат, затоа што тоа време беше поинакво, каде неромите во тој период им нудеа некои вработувања за промена на нивната лична состојба, но не на заедницата и затоа се прашуваме дали го гледаме интересот на «Колективност или индивидуализам». Ако го гледаме колективизмот тогаш време е да излезат и да кажат  од искуство дека во некои работи навистина погрешиле , и дека новата млада свежа енергија, иницијативцата птребноо е да не ги повтори тие грешки, за да не го поминат истиот пат и идните генерации кои сакаат резултати колективни за нивната заедница. И со уште една работа ќе ја завршам оваа колумна, која во последните денови излезе како официјално – неофицијална информација, дека претседателот на ПЦЕР г-дин Самка Ибраимовски ќе се кандидира на следните избори како претседателски кандидат на државата. Од една страна тоа е добро Ром кандидат  да има , но потребно е да размислиме дали со тоа ќе го покажеме мејстримт  на партиите колку вредат Ромските гласови или ќе биде од штета за ромскиот електорат? Да образложам: Ако навистина позади таа кандидатура застанат сите Роми и со тоа ќе се покаже и како стојат работите за Парламентарните избори колкав е Ромскиот електорат и ќе преставува цврсто мерило, но дали веруваме дека сите Ромски политички партии ќе застанат пзади тј кандидат во првиот круг ( зошто подалеку нема ни да стигне), и познавајќи ја фракцијата која се случува кога неромите ни придаваат голема важност и не тапкаат по рамо,многу брз ја забораваме клективнста, и се прилагодуваме на индивидуалните интереси , за да мже даси ги завршат своите лични работи.

Од друга страна ак се кандидира како Ромски кандидат кој е познат како «deja vu» каков е и Самка Ибраимвски , некој од инает и лутина  нема да работи со своето членство во поддршка на неговата кандидатура , и замислите сега, Ромски кандидат кои има  само например 7.000 гласови , каква порака ќе се испрати до мејнстрим партиите за Парламентарните избори?

Link: https://roma-news.com/kolektivnost-ili-individualizam?fbclid=IwAR22kf2ZzeASz3jtZ5eC23PjSimEq6P0wKbP1kh50lGFruxApvG5G_6Ubp0

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 398 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот