Социјала

Во пресрет на 14 Ноември – Светски ден на дијабетист: „Дијабетес - болест со предрасуди„

Шеќерна болест? Поим познат на сите. Оние кои ги погодува мораат секојдневно да земаат инсулин и смеат да јадат само дијабетичка храна. Или не е така? Време е да ставиме крај на предрасудите. Донесуваме проверени факти.

  1. Дијабетес? Тоа е онаа безопасна шеќерна болест.

Точно и неточно. Вистина е дека дијабетесот е познат како шеќерна болест. Името доаѓа од фактот дека нелекувани дијабетичари од урината, која има сладок мирис, лачат шеќер. Метаболичките болести можат да се лечат; сепак, тие не се безопасни. Последиците од дијабетесот можат да бидат висок крвен притисок, срцев или мозочен удар, како и оштетување на бубрегот или видот. Секои шест секунди во светот некој умира од последиците на оваа болест. Меѓународниот сојуз на дијабетичарите објави дека во текот на 2014 година речиси пет милиони луѓе починале од последиците на дијабетесот. А Светската здравствена организација предвидува дека до 2030 година дијабетесот ќе биде седма од водечките причини за смрт.

  1. Дијабетес добива оној кој јаде премногу шеќер - или?

Не буквално. За почеток мора да се прави разлика меѓу различните типови на дијабетес. Кај типот 1 телото не произведува доволно инсулин поради генетско нарушување, а кај типот 2 инсулинот не се преработува правилно. Покрај тоа, постојат уште неколку поретки форми, како што е гестациски дијабетес. Типот 2, кој е „стекнат облик“, го имаат 90 отсто од дијабетичарите: дијабетес мелитус. Оваа болест често се појавува поради недостиг од движење и прекумерна тежина, која е последица од исхрана полна со масти, јагленохидрати и шеќери. Шеќерот, значи, не е единствената причина за појава на дијабетес ни кај типот 2, туку комбинација од сите тие фактори, а кај автоимуниот дијабетес тип 1 шеќерот не игра никаква улога.

  1. Само луѓето со прекумерна тежина можат да добијат дијабетес

Неточно - иако ризикот од заболување од дијабетес тип 2 кај луѓето со прекумерна тежина е двапати поголем отколку кај луѓето со нормална тежина, посебно кај дебелите луѓе, кај кои ризикот е три пати поголем. Меѓутоа, повеќе од една четвртина дебели луѓе има здрав метаболизам. Тоа значи дека и други фактори се причина за дијабетес. На пример, наследниот ген или возраста. Но, тоа не е истражено во целост. Минатата година научниците откриле дека и одредени ензими играат важна улога: луѓето со недостиг на ензимот хемоксигеназе-1, и покрај дебелината, не заболуваат од дијабетес. Накратко: колку е некоја личност подебела, толку е поголема веројатноста дека ќе добие дијабетес тип 2. Сепак, и слабите и оние со просечна телесна тежина исто така можат да заболат.

  1. Дијабетес е „болест на богатите општества“

Потполно неточно. Бројот на заболени од дијабетес во светот се зголемува, особено од типот 1. Причините за тоа се’ уште не се познати. Во 2014 година, според Меѓународниот сојуз на дијабетичарите, во светот имало 387 милиони дијабетичари, 80 отсто од нив живеат во земјите во развој и земјите на прагот на индустријализацијата. Сојузот проценува дека во следните 20 години од дијабетес ќе заболат 24 милиони Африканци. Бројот на непријавени дијабетичари е голем: во Субсахарска Африка околу 90 отсто, а во Југоисточна Азија околу половина дијабетичари не се ни свесни за својата болест.

  1. Дијабетесот ги напаѓа само старите луѓе

Неточно. Иако дијабетес мелитус е почест кај старите луѓе, сепак обата типа дијабетес напаѓаат луѓе од сите возрасти. Повеќе од 30.000 деца и млади до 19 години имаат дијабетес тип 1, а за најмалку 2.000 годишно расте бројот на заболени деца до 14 години. Се’ повеќе млади заболуваат од дијабетес тип 2. Бројот на заболени од дијабетес тип 2 последните десет години петкратно е зголемен.

  1. Во Германија дијабетесот ги напаѓа сите - без оглед дали се богати или сиромашни

Тоа е точно. Алберт Плак од Германскиот сојуз на дијабетичарите објаснува дека предрасудата за „дебели и глупави“ дијабетичари едноставно е неточна. Но, студиите покажуваат дека одредени ризични фактори можат да влијаат за појава на дијабетес тип 2 кај децата - на пример, условите во кои детето расте: ако има стабилни емоционални врски, помалку е изложено на опасност од заболување. Истражувањата на Институтот Роберт Кох исто така покажуваат дека кај предебелите деца постои поголем ризик за заболување отколку кај нивните послаби врсници. Проблемот е често во семејството во кое детето расте, односно во нискиот социјален статус. Но, тоа нема врска со приходите, туку со образованието. На пример, конкретните знаења за минералите или растителните влакна во исхраната. Досега речиси нема студии за влијанието на образованието и приходите за појавата на дијабетес тип 1, па затоа и постоечките резултати од истражувањата не можат лесно да се толкуваат.

  1. Дијабетичарите мораат секој ден да земаат инсулин

Точно и неточно. Дијабетичарите со тип 1 во секој случај мораат да земаат инсулин, бидејќи телото не е способно само да произведува хормон инсулин. За тип 2 тоа барем на почетокот не е така. Телото и натаму може да го надомести недостигот на инсулин со производство на големи количини хормони. Дури по многу години панкреасот е исцрпен и произведува се’ помалку и помалку. Во еден момент производството на инсулин може во целост да престане. Тогаш и дијабетичартите со тип 2 мораат да ја почнат терапијата со инсулин.

  1. ...и навистина станува драматично кога веќе нема инсулин

Во филмски сцени дијабетичарите се препотуваат и колабираат ако немаат инсулин некаде во близина. Недостигот на инсулин, сепак, не предизвикува толкава драма. Потењето со грчеви, како што е прикажано во филмовите, е знак на хипогликемија, односно недостиг на гликоза во крвта. Тоа се случува кај вишокот, а не кај недостигот на инсулин, кој тогаш го намалува нивото на шеќер во крвта. Кај хипергликемија, односно зголемено ниво на шеќер во крвта, дијабетичарите се жедни, имаат главоболка, уморни се, имаат мачнина во желудниот и грчеви. Но, тоа на филмската индустрија можеби не и’ е доволно драматично. Меѓутоа, дијабетичната кетоацидоза, тешко нарушување на метаболизмот, може да биде многу драматична. Таа главно се појавува кај дијабетичарите со тип 1, брзо се развива и може да биде опасна по живот.

  1. Дијабетичарите би требало да јадат посебни дијабетички намирници

Неточно. Ни посебни дијабетички, ниту диетални намирници не се добри за дијабетичарите. Од крајот на 2012 година намирниците не смеат да се произведуваат како посебни дијабетички, ниту пак тоа смее посебно да се означува, бидејќи ги води во заблуда пациентите: поради етикета „се препорачува за дијабетичари“, потрошувачите мислат дека можат да ги земаат тие производи без последици за својата терапија. Исто така, дури и кај дијабетичките кекси мора да се внимава на количината на јагленохидратите и енергетската содржина. Се’ на се’, за дијабетичарите важат истите правила како и за оние кои немаат дијабетес: што помалку масти, шеќери и сол, толку повеќе овошје и зеленчук.

  1. Дијабетесот е неизлечив

Точно. Лицата со дијабетес тип 1 се зависни од инсулин во текот на целиот живот. Сепак, кај дијабетичарите со тип 2 е различно. Дебелината и недостигот од движење ја поттикнуваат болеста, а здравата исхрана и движењето можат да го запрат влошувањето или пак да ја подобрат состојбата. Меѓутоа, лекувањето со помош на лекови или операција не е возможно.

  1. Животните се заштитени од заболување со дијабетес

Неточно. Дури ни животните не се имуни. Дијабетесот најчесто погодува кучиња-женки и мачори. Кај кучињата, кои особено ги погодува типот 1, често станува збор за генетска предиспозиција поради која клетките од панкреасот, кои произведуваат инсулин, се уништени. Кај мачорите, кои имаат тендеција кон типот 2, причините се најчесто дебелината или лекови. Како и кај луѓето, и ним мора да им се дава инсулин и да им се смени начинот на исхрана. Во првите 12 месеци на тој начин може да им се стабилизира болеста на 10 до 30 отсто од мачорите и да се доведе до „фаза на мирување“.

Link: https://zdruzeniemugra2018skopje.mk/mugrawp/

Лицата без државјанство ќе ги добијат своите основни права: Донесени потребните законски измени

Во Собранието се донесени измени на законите за престојувалиште и живеалиште и за лична карта со кои се решава бездржавјанството во Македонија.

Новините предвидени со Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и со Законот за личната карта се од посебно значење за граѓаните кои се засегнати со овие проблеми, а за кои Комисијата за политички систем организираше и надзорна расправа во февруари годинава, кога беа донесени заклучоци со кои Собранието ја има надзорната улога за имплементацијата на Законот за матичната евиденција.

На овој начин, овие неевидентирани лица – т.н. фантоми сега ќе можат да ги остварат своите основни човекови права, со што Македонија ќе биде прва во Европа и во светот која го има решено статусот на бездржавјанството.

Донесените интервенции во посочените закони се гаранција дека во земјава нема да се повтори ситуација со лица без државјанство, затоа што системски е решено секое дете родено на територијата на Македонија да биде запишано согласно членот 4а од Законот за матична евиденција. Поради ова Рома Тајмс упатува искрени честититки до сите вклучени во процесот, особено до пратеничките Љатифе Шиковска, Санела Шкријељ, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска и Жаклина Лазаревска, до државниот секретар на МП - Мухамед Точи и до советникот на Премиерот - Елвис Мемети, Мрежата за системски и трајни решенија  и воедно до сите други росмки НВО за нивната заложба во решавање на проблематиката со лицата без документи.

Меморандум за соработка помеѓу „Хабитат Македонија“ и општина Куманово за финансирање изработка на ДУП во „Османов рид“, заради подобри услови за домување

Меѓународната невладина организација „Хабитат Македонија“ и Општина Куманово потпишаа меморандум за соработка, за финансиска поддршка на Детален урбанистички план (ДУП) на локацијата Османов рид, спроти Спомен-костурницата.

„Хабитат Македонија“ ќе финансира изработка на ДУП во „Османов рид“, заради подобри услови за домување

Со овој проект ќе има и други активности во Општина Куманово, како дел од поголема петгодишна кампања на „Хабитат“ во која е вклучена и Општина Шуто Оризари.

„Целта е всушност договор со кој „Хабитат Македонија“ презема обврски да финансира еден ДУП, конкретно за локацијата Османов Рид. Тука имаме голем број на изградени градби, но има и голем број на слободни парцели каде има интерес за градба. Овој дел на градот не е урбанистички решен со ДУП, и мене ми е многу мило што организацијата излегува во пресрет и ќе го покрие финансискиот дел за изработка на Деталниот урбанистички план“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Промоцијата на проектот „Домот е еднаквост“ се совпадна со Меѓународниот ден на домувањето, кој се одбележува во првиот понеделник во октомври. Со најновата кампања треба да се подигне јавната свест за домот како основа за понатамошен развој на луѓето за економски, здравствен, образовен и друг аспект.

Ромите од Србија, сопственици на дивоизградени објекти, поради нерасчистен имотно правен статус и финансиски причини, не можат да остварат право на приклучок на струја, вода и канализација.

Според уредбата на Владата на Република Србија, граѓаните кои живеат во дивоградби ќе можат да поднесуваат барања за приклучување на струја, парно, вода и канализација во рок од 30 дена, почнувајќи од 15 септември, преку образец доставен до општините. . Приклучок е возможен само за еден објект, односно еден стан на ист сопственик кој го користи за живеење.

Поврзувањето е од привремен карактер и не влијае на утврдувањето на правниот статус на објектот.

Во Србија, голем број граѓани Роми кои изградиле сопствени станбени објекти ќе имаат можност да поднесат барања за привремено приклучување на струја, вода и канализација, но многумина се соочуваат со нерешена правна имотна состојба, односно сопственост на парцелите на кои нивните се лоцирани куќи.- изградени објекти.

Со финансиски проблем се соочуваат и ромските семејства, бидејќи само приклучокот за струја чини од 80 до 100 илјади динари или околу 800 или 900 евра.

Сите граѓани кои живеат во дивоградби ќе можат да поднесуваат барања за приклучок на струја, вода и канализација до 15 октомври тековната година.

Link: https://rominfomedia.rs/2023/09/25/romi-iz-leskovca-vlasnici-nelegalno-izgradjenih-objekta-zbog-neresenog-imovinsko-pravnog-statusa-i-finansijkog-razloga-nemogu-da-ostvare-pravo-na-prikljucak-na-struju-vodu-i-kanalizaciju/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 140 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот