Социјала

Р.Северна Македонија: Бездомниците во трка со животот со суровата зима и сиромаштија

Бездомништвото е длабок напад врз достоинството, социјалната исклученост и правото на живот. Тоа е (prima facie) на прв поглед повреда на правото на домување и крши голем број човекови права. Луѓето кои се соочуваат со бездомништво, дури и кога се сместени во Центрите, имаат потреба од храна, работа, здравствена заштита и поддршка за менталното здравје и траумите кои ги доживеале.

Последен пат кога беше направено глобално истражување – од страна на Обединетите нации во 2005 година – се проценува дека над 100 милиони луѓе биле бездомници ширум светот. Дури 1,6 милијарди луѓе немаат соодветно домување (Хабитат, 2015). Во 2021 година, Светскиот економски форум објави дека без свој дома има 150 милиони луѓе ширум светот.

Од ова појава не е исклучена ниту Северна Македонија, каде засолниште дават Црвениот крст и институции во рамките на Министерството за труд и социјални работи.

Од Пунктот за бездомници во скопски Момин Поток велат дека до сега од кога е отворен пунктот веќе 15 години наназад, немале случај со смртен исход во стационарниот дел за време на зимскиот период. Тие истакнуват дека истражувањето кое е спроведено од страна на нивниот стручен тим кој посветено работи во пунктот за бездомници, покажува дека за едно лице да стане бездомник се следниве причини: Адиктивната природа на бездомниците кон алкохол, наркотични супстанци, хазардни игри, психијатриските болести, сиромаштијата и социјалната ислученост, невработеноста и имотно-правни нерешени прашања.

Како најзастапена група е машката популација. Не се исклучени и жените бездомнички, но нивната бројка е многу помала во сооднос со мажите бездомници, каде процентуално соодносот е 80:20, велат од Пунктот за бездомници.

Најчесто бездомниците се индивидуалци, на просечна возраст од 55 години, кои се со слаби неразвиени семејни релации, а во најголем случај и воопшто тие релации ги немаат. Поретко се застапени бездомничките семејства кои ги користат услугите во пунктот за бездомници.

Црна демографска иднина за Македонија, годишно се иселуваат 12.000 луѓе

Проекциите на Државниот завод за статистика за населението во Македонија до 2070 година се многу негативни. Статистичарите со оваа проекција се обидуваат да апелираат до надлежните и да се носат стратегии базирани на податоци. Иселувањето е клучно за демографската иднина.

Ако вака се продолжи, до 2070 Македонија ќе има 1,25 милиони население.

„Резултатите од анализираните податоци од проекциите на населението укажуваат дека во догледно време тешко може да се очекува подобрување на демографската состојба доколку не се интервенира со соодветни решенија“, велат од Државниот завод за статистика чии податоци покажуваат дека годишно во просек околу 12 илјади лица се иселуваат од земјата. Освен со иселувањето, Македонија има проблем и со низок наталитет. 

Статистичарите сметаат дека Македонија ќе треба да увезува работна сила, а најдоброто сценарио за излез од ваквата ситуација е интеграцијата во Европската Унија.

Овие пресметки се прават според податоците од Пописот во 2021 година.

 

Во градинките во Прилеп 25 деца од социјален ризик ослободени од партиципација

Со одлука на прилепскиот совет, во градинките во Прилеп за 25 деца Роми во социјален ризик е обезбеден престој без партиципација. Ова е проект на Министерството за труд и социјална политика, и од градинките „Наша иднина“ во Прилеп велат дека има одлична рефлексија врз секојдневнието во заедницата.

-Проектот „Инклузија на деца Роми во детските градинки“, во земјава функционира од 2006 година. Вклучени се деца од ромската популација. Во почетокот на овој пилот-проект беа опфатени само 10, а денеска проектот се спроведува во 21 општина. Прилеп од самиот почеток е во проектот. Бројот на децата вклучени во проектот започна од 12, за денес да бидат опфатени 25 деца од ромската популација кои се интегрирани во групите во нашата институција. Проектот има одлична рефлексија врз секојдневието во нашата заедница за децата Роми од социјален ризик да ги почувствуваат бенефитите од згрижувањето во градинките, рече Христина Трпческа, директорка на прилепските градинки „Наша иднина“.

Секојдневние кое што го гледаме и слушаме, но не обрнуваме внимание - Дискриминацијата врз Ромите

Република Северна Македонија во Уставот ни ги гарантира основните човекови права и слободи и не третира еднакво сите граѓани без разлика на пол, раса, боја на кожа, етничка припадност, верско уверување и слично. Но сепак, тоа е само во Уставот, на парче хартија напишано. Во реалниот живот секојдневно се среќаваме со дискриминација по различни основи,

Но еден од заедниците кои живее тука е „лајт мотив„ за еден куп навредливи и дискриминаторски вокабулар. Погаѓате нели: - Ромите!!!

Ако се земе во предвид еден тон вицови, шеги на тема „Роми„ Да тргнеме од говорот, поточно „карикирање„ на македонски јазик со ромски дијалект.

Потоа од штосови и  финти на тема „Цигани„, „Роми„ од типот: „Се досаѓам ко сапун у циганска бања – купатило„ или во стилот „ Ќе те расчукам така да и Циганите странци ќе ти се чинат„

Исто со децении воспоставен вокабулар на застрашување на мали деца: „Ако не си мирен ќе те украде циганката„ или „ ќе те собере старо купувам„.

Исто така редовна доза на недоразбирање или недоговор е повторно на товар на Ромите во стилот: „Ајде бе ќе се ценкаме како цигани„ или „Ај да не ја правиме циганската....„

Има уште еден куп на такви  „ниски удари„ кој ги гледаме и слушаме во нашето секојдневие , но не обрнуваме внимание, дури понекогаш на тие кои ги изговараат им звучи смешно и забавно.

А дали се запрашале какво е чувството на другата страна? На тие луше кои се „генерализирани„?

Дали знаат дека тоа и психички влијае на идните генерации млади Роми кои токму од тие аспекти и „се кријат„ дека се Роми. Не, тие не се срамат од својот идентитет или корени, туку се срамат дека ќе бидат изложени на потсмев, генерализирање, и дискриминирање, кое понатаму во нивните животи може да им донесе само  нефер пристап кон општеството и сите придобивки кои ги нуди затоа што тие се веќе однапред обележани: дека Ромите лажат (а државата и политичарите што даваат лажни ветувања на граѓаните тоа не е ништо), дека Ромите крадат (а најголемите криминалци кои украле милионски суми се на слобода), дека Ромите се валкани (а тие „валкани„ токму ве чистат од смет, ѓубре, ви го собираат вашиот валкан отпад и ви ги одржуваат фирмите, канцелариите, куќите да ви бидат беспрекорно чисти), и уште еден мал милион примери токму на спротивното верување.

Маж или жена, образован или неук, богат или сиромашен, не е важно, секој од нив е живо битие желно за внимание. Но, најпрво секој има потреба од почит. Било да е со збор, пари или предмети, сè претставува подадена рака. Таа топла и толку потребна рака за помош најчесто е недостапна и незаинтересирана да брише туѓи солзи. Нам слободата како и да не ни треба, додека живееме во прангите на самољубието. Зошто да го лажираме моралот? Разликите меѓу луѓето се само искушение кое треба да се надмине, а не да се падне во неговата јамка.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 100 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот