Социјала

Трагични судбини на Ромите: Смрт од непознати причини и траен инвалидитет од несовесно лекување

Ромите при користење на здравствените услуги секојдневно се соочуваат со многубројни проблеми, а и судскот систем, исто така, „не е на нивна страна“, се жалат активисти на ромските здруженија за покревање на свеста за нивните права.

Од кај нив наведуваат дека и полицијата често пати ги третира како „криминалци“, дека не го добиваат истиот третман како останатите и во социјалните установи. Тешко доаѓаат до работна позиција, само поради тоа што се Роми. Поголемиот дел од нив се осудени на глад, сиромаштија и беда.

Стигматизацијата и дискриминацијата кон нив, од страна на сите останати во општеството, дополнително им го отежнува секојдневието.

Ромите, како мацинска етничка група во Македонија треба да ги уживаат сите права и слободи како и сите останати лица во земјата.  Велат, време е да се покрене свеста во општеството за тоа дека сите сме еднакви, со што ќе им се даде можност да напредуваат и да живеат нормален и достоинтсвен живот.

Се жалат дека има повеќе случаи во кои тие или нивните семејства биле обесправени, а не можеле да добијат адекватна правна сартисфакција.

 

Србија: Почна реализација и први вселувања во рамките на проектот: „Секој Ром да има дом„

34 станбени објекти се изградија во населбите Бачки Грачац, Бачки Брестовац, Богоево, Лалиќ и Каравуково, и воедно во самиот тој дел каде има и училишта, градинки, амбуланти и други сервисни служби.
Локацијата се избираше според желбата на секое домаќинство по серијата презентации и консултации кој ги спроведе Хаусинг Центар,
Покрај тој центарот изработи и архитектоснки решенија и техничка документација за тие потреби , градежни дозволи и стручен надзор при изградбата на објектите.

Самите објекти се опремени со електрична инсталација, водовод и канализација како и основен мебел и апарати за домаќинствата.
Во новата населба покрај Богоево од 1965 година во неадекватни услови живеат 34 домаќинства со 107 жители од кои 40 се малолетни деца. Преселувањето во новите објекти е од огромен значај за сите жители а најмногу за самите деца кои со децении немаа адекватни услови за образование и активен општествен живот.
Проектот „ Секој Ром да има дом„ е финасиран од ЕУ , а ко финансиран од Владата на Србија и општината Оџаци.

Србите и Албанците го учат јазикот на другата заедница

Србите и Албанците го учат јазикот на другата заедница, во обид да ги остават зад себе непријателствата од минатото, но, и да ги зголемат шансите за вработување
Каменица, Мамуша, Драгаш, Северна Митровица и Јужна Митровица, се пет косовски општини кои имаа придобивки од проектот на Меѓународната организација за миграции, поддржан од Британската амбасада во Косово, во рамките на кој се даваат бесплатни курсеви на албански и на српски јазик.

Според законот, албанскиот и српскиот јазик се официјални јазици на Косово. Другите јазици, како што се турскиот и ромскиот се во службена употреба во општините каде што најмалку пет проценти од граѓаните го зборуваат тој јазик.

Во април 2018 година, Кастрати и Стаменковиќ испратија заедничко писмо до странските амбасади и до канцеларијата на ЕУ во Косово, барајќи средства за изградба на заедничко училиште за албанските и српските деца.

Образовниот систем во Косово беше поделен на национална основа пред околу три децении, паралелно со зголемувањето на тензиите во тогашната југословенска покраина. Косовските Албанци организираа паралелен образовен систем, додека српските ученици ја следеа програмата на Србија. Двете заедници го отстранија јазикот на другата, од нивните образовни програми.

 

До 2030, 22 отсто од населението во Бугарија ќе бидат Роми

Ромите ќе сочинуваат 22 отсто од населението во Бугарија до 2030 година, покажува новата студија нарачана од Фондацијата Фридрих Еберт, презентирана професорите. Д-р Надежда Илиева и доц. Георги Бардаров, од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

За 10 години бројот на Бугарите се намалил за 1 милион, пренесува бугарска Nova TV.
Според официјалните податоци, бројот на Ромите е 325.000, а неформално тој е три пати поголем и се очекува до 2030 тие да бидат 1.2 – 1.3 милиони или 22 отсто од населението.

Истражувањето, исто така, покажува дека 60 отсто од бугарската територијадо 2030  ќе стане таканаречена „демографска пустина”.

Речиси половина од Бугарите ќе живеат во 6 градови – Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Русе и Стара Загора.

Денес, нема луѓе на возраст под 16 години во 20 отсто од селата, а според предвидувањата, до 2030 година тој процент ќе се удвои.

Link: https://expres.mk/do-2030-22-otsto-od-naselenieto-vo-bugarija-kje-bidat-romi/

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 69 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот