Социјала

Отфрлен предлогот за заедничка комеморација во Јасеновац

Претставници на српската и на еврејската заедница во Хрватска, денеска соопштија дека во април ќе одржат посебна комеморација за жртвите на концентрациониот логор Јасеновац од Втората светска војна, и дека нема да учествуваат на заедничката комеморација, што беше предлог на хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

Во саботата, Пленковиќ ги повика Сојузот на антифашистички борци и антифашисти на Република Хрватска, и претставниците на Евреите, Србите и Ромите, заедно со државните функционери, да одржат комеморација за жртвите на овој усташки логор.

Во изминатите три години, претставниците на српската, еврејската и ромската заедница, како и антифашистите, кои го сочинуваа поголем дел од жртвите убиени во Јасеновац, ја бојкотираа официјалната комеморација, во знак на протест поради пропустот на Владата да се справи со историскиот ревизионизам на злосторствата од Втората светска војна.

Тој најави дека на 12 април, српското, еврејското и ромското малцинство и антифашистите, ќе одржат посебна комеморација.

Според списокот на меморијалниот центар Јасеновац, помеѓу 1941 и 1945 година, усташите во логорот убиле 83.145 затвореници, Срби, Евреи, Роми и антифашисти.

 

Папата Франциск ќе помине цел ден во Скопје и ќе одржи миса на плоштадот ,,Македонија“

На 7 мај, во Скопје за прв пат ќе допатува Папа Франциск. Неговата посета се смета како историска, бидејќи се совпаѓа со 25 годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Ватикан.
Неговата агенда ќе започне од утринските часови, а се очекува во Скопје да дојдат многу домашни и странски поддржувачи на Папата.
Скопје на 7 мај ќе биде блокирано, но државниот секретар, Виктор Димовски, вели дека безбедноста во земјата ќе биде на максимално ниво.

И од МВР известуваат дека ги преземаат сите потребни мерки за целосно и ефикасно обезбедување на настан и високиот гостин.

По официјалниот пречек, Папата Франциск ќе се сретне со претседателот, Ѓорге Иванов, премиерот, Зоран Заев, со претставници од граѓанскиот сектор и со дипломатскиот врв. Во текот на неговиот престој, тој ќе се сретне и со верските поглавари и со сиромашни. Во програмата за апостолското патување на Папата во Северна Македонија, предвидено е да се одржи и литургија, а се очекува да учествува и на екуменскиот и меѓуверскиот собир со младите. Папата Франциск, неговото 29-то апостолско патување ќе го заврши во попладневните часови на 7 мај, со средбата што ќе ја оствари со свештениците и нивните семејства, по што ќе се врати во Рим.

Civilmedia - Жителите на Баир, Битола: Политичарите на овие избори нема да нè излажат со водата!

„Зимно време струја немаме, летно време вода немаме. Секогаш пред избори политичарите доаѓаат и нè лажат, откако ќе поминат изборите никаде ги нема“, ѝ вели еден жител на битолски Баир на граѓанската новинарка, која отиде да види дали по пет месеци е нешто сменето по објавата на ЦИВИЛ, дека во битолски Баир луѓето со децении живеат без капка вода.
Друга жителка на оваа сиромашна населба додава дека градоначалничката на oпштина Битола, Наташа Петровска, им ветила дека ќе го среди проблемот со струјата и водата.
„Наташа ни вети дека ќе ни се исполни желбата да имаме вода. Но, сега уште малку ќе дојдат избори и сакам да ѝ порачам на Наташа да нè има во предвид и да го реши проблемот, инаку воопшто да не праќа луѓе да нè убедуваат да гласаме, оти, како ќе дојдат, така и ќе си заминат. Во Баир никој нема да гласа“, вели таа.
„Пред избори доаѓаат и нè лажат дека, ако гласаме, ќе го средат проблемот со водата и ни даваат по 500 денари да гласаме. Зошто да го дадам мојот глас за 500 денари?“, вели еден жител на Баир, кој сака да остане анонимен.
Жителите велат дека неколку пати го блокираа патот за државата и општината да ги слушнат и нивните проблеми.
„Во училиште децата ги пуштаме да одат со вошки, бидејќи немаме вода да ги избањаме“, вели една изреволтирана мајка.
Пред пет месеци, на 6 неомври 2018 година, дел од тимот на ЦИВИЛ, заедно со тим од граѓански новинари, ја посети населбата Баир и оствари средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и директорот на ЈКП Водовод, Горан Козаров кои истакнаа дека знаат за тој проблем и се трудат да го решат.
Меѓутоа, и по пет месеци откако ЦИВИЛ објави за проблемите со кои се соочуваат баирчан(к)и, нема никаква реакција од локалните и централните власти.
Дали навистина Ромите во Баир се бројат и гледаат само како гласачка машинерија?!

Link: https://civilmedia.mk/zhitelite-na-bair-bitola-politicharite-na-ovie-izbori-nema-da-ne-izlazhat-so-vodata/?fbclid=IwAR0TZQmXQsYEF5N-4h9UPEbmzzlmP5PfI3zG3ZMm1tCtxJZYXo10qQRM9B0

Youtube:

Во градот Лом во Бугарија најдобрите фризери се Роми

Во малиот град на истокот во Бугарија Лом , жителите на тој град најмногу ги бараат услугите кај ромските фризери

Локалните ромски фризери со гордост ги покажуваат своите врамени ремек дела во своите салони. Иако од нив некои немаат ниту дипломи, тие велат дека благодарение на нивниот фризерски талент многумина токму кај нив доаѓаат за да си направат најнови фризерски модели.

Во овој 25 илијаден град во Бугарија мнозинството од Роми се локални фризери.

Според нив најголемиот процент од ромската заедница токму на овој начин го заработуваат својот леб.

Тие се задоволни од своите активности и воедно испраќаат пораки за похрабро развивање на претприемачкиот дух и кај останатите од ромската заедница.

Според нив на тој начин градејќи ја својата професионална кариера и локално се интегрираат во општеството.


Link: https://abcug.hu/batran-bizzak-a-frizurajukat-roma-fodraszokra-a-lomi-bolgarok/

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 136 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот