Политика

Европската Комисија му одговори на испратената реакција од страна на Претседателот на ИРУ Зоран Димов: „ЕК останува посветена да го поддржи целото население во погодено од конфликти присутно во Украина, како и оние што се принудени да ја напуштат земјата, без никаква разлика на националност и пол„

Во врска со конфликтот во Украина како случувањата во Укрина и надвор од неа за време на бегалскиот бран во другите земји, и општо познатиот факт за дискриминација и сегрегација на Ромите во Украина и тие кои немаат еднаков третман на граничните премини и во сместувањето во трети земји, ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов испрати писмо со реакција до Европските институции, вклучувајжи ја и Европската Комисија на 2 март 2022.

Деновиве во офисот на Претседателот на ИРУ пристигна писмо од страна на г-дин Мартин ТАШНЕР Раководител на одделение при Дирекцијата за Европска цивилна заштита  и хуманитарна помош ECHO.

Во писмото од страна на г-дин Ташнер меќудругото е наведено:

„Г-дине Димов, Европската комисија и понатаму е многу загрижена за страшната хуманитарна ситуација во Украина и влијанието на руската инвазија врз цивилното население.

Европската комисија продолжува да нагласува дека кршењето на Меѓународното хуманитарно право е неприфатливо и дека неселективните напади врз цивили и цивилна инфраструктура мора веднаш да престанат. Ја споделуваме вашата загриженост во врска со можното влијание на актуелната војна врз малцинските групи, вклучително и ромската заедница.

Европската комисија останува посветена да го поддржи целото население погодено од конфликти присутно во Украина, како и оние што се принудени да ја напуштат земјата, без никаква разлика. Како што знаете, на 28 февруари, Генералниот директорат за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош одвои 90 милиони евра за поддршка на населението погодено од конфликт во Украина и Молдавија

  1. Ова финансирање е дел од поголемиот пакет за итни случаи во износ од 500 милиони евра, објавен од претседателот на Комисијата на 1 март

2.Хуманитарната помош на ЕУ ќе им овозможи на хуманитарните партнери на ЕУ да обезбедат храна, вода, здравје, засолниште и да помогнат во покривањето на основните потреби. Нашата поддршка ќе допре и до внатрешно раселените лица и ќе ги поддржи градовите преплавени од движењето на населението.

Сегашното финансирање ќе биде канализирано преку хуманитарните партнери присутни во земјата, вклучувајќи ги Обединетите нации, НВО или Црвениот крст. Нашето финансирање ги почитува хуманитарните принципи на хуманост, неутралност, независност и непристрасност.

Следствено, ќе биде обезбедено без дискриминација на сите оние во 1 https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/ip_22_1462 2 https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en /speech_22_1483 2 потреба.

Хуманитарните партнери на ЕУ посветуваат особено внимание на потребите на ранливите групи, вклучително и малцинствата, и се обидуваат да се погрижат итна поддршка да стигне до сите оние на кои им е потребна.„ Се вели во испратеното писмо од страна на г-дин Мартин ТАШНЕР до претседателот на ИРУ Зоран Димов.

Реакција од Мрежата за застапување за ситемски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија на ФБ статусот од минитерката Тренчевска

Во врска со ФБ објавата на актуелната министерка на МТПС Јована Тренчевска во врска со  дводневниот работен состанок за социјално вклучување на Ромите во Република Северна Македонија, на кој учествуваат  претставници на Владата, Парламентот, меѓународни и граѓански организации, каде напомена и стои наслов „ Целосна инклузија на Ромите во општеството е обврска на која заедно работиме.„ –

 

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=126701383255471&id=101380972454179

 

Своја реакција имаше и Мрежата за застапување за ситемски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија.

Во неа меѓудругото во интегралната реакција стои:

 

РЕАКЦИЈА НА СТАТУС НА МИНИСТЕРКАТА ТРЕНЧЕСКА ОБЈАВЕН НА СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА ФЕЈСБУК

?Вклучувањето на 400 деца Роми во процесот на предучилишно образование кои бесплатно престојуваат во градинките, ЛАГА!

Почитувани граѓани, тоа не е вистина туку ЛАГА. Во моментот во градинките нема повеќе од 200 дечиња и голем дел од нив плаќаат партиципација. Само еден пример: Сите деца во градинката 8 Aприл во Шуто Оризари плаќаат партиципација.

 

?700 стипендии на средношколците Роми на годишно ниво,

Да се тврди дека се поддржуваат 700 средношколци исто така е ЛАГА бидејќи и овде се многу помали бројките

 

?Високата стапка на вработеност на Роми во државната и јавна администрација, област во која нашата држава е пред сите останати во регионот, ЛАГА!

Кого сакаате да лажете нас или самите вас! Во државната и јавната администрација во моментот има 1% вработени Роми заедно со вработените во комуналните претпријатија кои вршат комунални работи како хигиеничари. Само за потесетување, според пописот 2002 години во Република Северна Македонија, нас Ромите не имаше 2.6%.

 

?поддршка во домувањето, во смисла на легализација на нивните домови, се дел од реализираните цели на кои министерството заедно со партнерите работеше изминатиов период. ЛАГА!

Легализацијата на домовите на Ромите е неостварлив сон полн со кошмари и корупција. Се може да се легализира, но само домовите на Ромите не. Наголемиот дел од градоначалниците тврдат дека Ромските маала се во зелен појас каде требало да се изгради парк.

?Во наредниот период се подготвува  спроведување на зелена и дигитална агенда. Вклучувањето на Ромите  во дигиталната агенда го гледаме пред се во подигањето на пристапот кон дигиталните средства, дигиталната писменост, поддршка на децата Роми во областа на образованието, пазарот на труд во смисла на стекнување и користење соодветни вештини, како и поддршка на Ромите претприемачи за дигитализација на нивните дејности. ЛАГА!

Со вакви паушални констатации не можеме да се согласиме. Прво ние не доаѓаме од некоја друга планета па да има специјална програма за дигитализација и ние сме од истите простори каде и останатите живеат, а за чудо сметаме дека и многу подобро ја користиме дигиталната технологија. Во однос на дигитализација на бизнисите само да знаете дека голем број на бизниси кои ги работат Ромите или се дигитализирани или не можат да се дигитализираат. Онлајн ковач не бидува.

?Во областа на зелената агенда, Ромите ќе бидат вклучени во циркуларната економија, со трансформацијата на системите за управување со разните видови отпад и други ресурси, ќе се појават и нови можности и нови работни места. ЛАГА!

Не, немој да не лажете. Секогаш не споменувате кога го споменувате отпадот. До кога Ромите ќе бидат поврзувани со отпадот? Тоа е стереотип и дискриминација. Чистењето на отпадот, за кој некако традиционално се задолжени Ромите, не е зелена агенда.

Ние се уште се соочуваме со улици кои се со кал, без основни услови за здрав живот, со празни стомаци и без обувки, а вие ни ветувате зелена агенда. Како само не ЛАЖЕТЕ!

За крај, пред само 7 дена Ромите беа повторно дискриминирани. Овој пат на полето на културата. Дали ромската култура, ромската музика и филм не заслужуваат поддршка? Дали Ромите не заслужија повеќе од парите наменети за поддршка на културата или пак ние немаме култура? Дали тоа значи и културен геноцид на Ромите? – се вели на крајот од нивната реакција зад кого стројат повеќе од 10 невладини ромски организации, здруженија и асоцијации

Средба на Премиерот Заев со Пратеничката Љатифа Шиковска и Државен секретар во Министерството за правда, Мухамед Точи

На 19 ноември Пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија г-ѓа, Љатифа Шиковска и дрќавниот секретар во Министерството за правда Мухамед Точи беа на работна посета кај Премиерот г-дин, Зоран Заев

Меѓудругото на оваа средба беше истакнато дека Приоритетите за ЕУ интеграцијата и приоритетите на заедницата на Ромите, остануваат во агендата на Владата на Република Северна Македонија.

Исто беше напоменато дека важни се и предизвиците како што се:

Лицата неевидентирани во матичните книги

Систематизацијата на Ромски здравствени медијатори

Директорат - Секретаријат кој ќе работи и на Ромски прашања

Буџет и буџетските ставки кои дирекно или индиректно ќе ги засега Ромите

Стреатегијата за Роми 2022 - 2030

Свесни со сите предизвици кои ги имаме, продолжуваме кон патот Едно општество за сите

Говор на омраза по партиска и етничка припадност

Во текот на изборниот ден, покрај тоа што се кршеше изборниот молк, на социјалните мрежи доминираше и говорот на омраза.

На Твитер е објавена фотографија од извесен профил Султана која сподели фотографија од прилепски Роми, поддржувачи на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Сугарески со коментар: „Колку вреди во евра сликава“. Дел од коменратите се: „циганарија“, „циганин сам ал најлепши“, „не знам колку вреди ама знам колку смрди“, „5 евра по ѓуптин“…

Ваквите објави предизвикуваат коментари со говор на омраза и етничка нетрпеливост. Често ваквите навредливи содржини може да предизвикаат и дела од омраза, особено ако се земе во предвид дека во Прилеп победи кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а гореспоменатите се подржувачи на СДСМ.

ЦИВИЛ повикува да се смират политичките страсти и да нема реваншизам по ниедна основа, ниту партиска, ниту етничка.

 

Link: https://civilmedia.mk/govor-na-omraza-po-partiska-i-etnichka-pripadnost/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 167 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот