Култура

На премиерата на филмот посветен на Џеј „Недела„, ромските актери кои учествуваа во овој филм не беа поканети. ЗОШТО?

Се одржа премиерата на филмот „Недеља“ за животот на починатиот пејач Џеј Рамадановски, чиј живот беше полн со подеми и падови, љубов и трагедии.
По синоќешната премиера во Белград, филмот „Недела“ за српскиот фолк пејач Џеј Рамадановски се најавува дека ке следи и во Скопје на 26 јануари во кино Синеплекс.
Инаку Рамадановски,потекнува од ромско семејство од Македонија,а неговиот живот згасна во 2020 година на 57 години.

Филмот во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ, инаку насловен е според една од најпознатите песни на Рамадановски,,Недеља”.

Како главен лик (улога)се појавува Хусеин Алијевиќ, а играат и Марко Јанкетиќ,Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ,Ален Селими,Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ,Милица Јаневски, а како споредни улоги се појавуваат Санела Емин,Бајрам Северџан,Емра Куртишова и др.

Според изворите на Рома Пресс,покрај учевството во филмот,,Недеља” на македонските дипломирани актери Санела Емин,Емра Куртиш и Бајрам Северџан (Колјо)истите не беа поканети на премиерната промоција која беше оддржана во Белград, за втората промоција која треба да се оддржи во Скопје на 26 јануари, се уште не се известени и не се поканети.
За овој пропуст учесниците(актери)немаат објаснување ЗОШТО?

Link: https://romapress.mk/featured/premierno-sikavgapes-o-filmi-taro-gilavutno-dej-ramadonovski-nedelja/?fbclid=IwAR1AAXRaZdJE8G7d0AntA13cBkU-PoUXDrFNkPHfuu2jJJP60IqYgHfpfB4

Кога Алберт Ајнштајн го запозна Чарли Чаплин, разговорот беше урнебесно епски

Нобеловецот Алберт Ајнштајн и холивудската ѕвезда Чарли Чаплин се запознале во 1931 година.

Пред речиси девет децении, еден од најреномираните генијалци во историјата се сретна со еден од најголемите стрип уметници на светот - средба што доведе до неверојатно пријателство меѓу двајцата. Комитетот за Нобеловата награда потсети на средбата меѓу нобеловецот Алберт Ајнштајн и холивудската ѕвезда Чарли Чаплин во објава на Инстаграм споделена во вторник.

Според објавата за Нобеловата награда, се вели дека „Чарли Чаплин е единствената личност во Холивуд што Алберт Ајнштајн сакал да се сретне“.

Во 1931 година, г-дин Ајнштајн доби можност да го запознае најголемото име во ерата на немиот филм за време на премиерата на филмот CityLights во Лос Анџелес.

На 2 февруари 1931 година, тој ја доби својата шанса да разговара со актерот на премиерата на филмот „City Lights“.

Ајнштајн: „Она што најмногу ми се восхитувам во твојата уметност е твојата универзалност. Не кажуваш ни збор, но светот те разбира!

Чаплин: „Точно. Но, твојата слава е уште поголема! Целиот свет ти се восхитува, иако не разбираат ниту збор од тоа што го кажуваш“.

Link: https://medium.com/@kelvinluminis/when-albert-einstein-met-charlie-chaplin-in-1931-einstein-said-what-i-admire-most-about-your-art-867b7edde508

 

ТВ БТР Национал го слави својот 31-ви роденден

На 13 Декември 1992 година за прв пат во медиумскиот етер во Р.Македонија беше емитуван сигналот на БТР –Национал. Најпрво како радио, за потоа да биде и телевизиски со своја 24 часовна програма.
Всушност тоа беше и прв ромски медиум во светот со своја целодневна програма. Години потоа овој медиум прерасна во препознатлива ТВ куќа со своја сопствена програма од секој калибар – информативен културен, забавен, музички и образовен.
Во тој период ТВ БТР- Национал се ештаблираше меѓу водечките медиуми во државата, и по својата гледаност, која и покрај тоа дека беше ромска, беше со гледаност од сите националности.
Една деценија подоцна ТВ БТР –Национал отиде едно ниво погоре и беше првиот Ромски медиум на сателит со своја сопствена програма
За сите овие години ТВ БТР-Национал беше автор на многу програмски пакети и илјадници часови на ТВ, документарни и филмски програми од сите профили.
И ден денес ТВ БТР остави неизбришливи траги кај публиката кој и ден денешен со носталгија се сеќаваат на тој период.
Инаку во новиот период ТВ БТР – Преку својата Супер продукција БТР – СП БТР продолжи со продукциски активности и снимање на документарни филмови. Во последните неколку години актуелен беше со своите неколку нови документарни производи преточени на филмска лента тоа се „Локални Херои – Светски таленти„ потоа документарецот за историјата, потеклото, јазикот и културата на Ромите „Небо, Точак Земја„ како и една тажна социјална приказна преку документарецот „Живот на крстосница
Најзаслужен за тој постигнат успех и преку 500 – те вработени кој продефилираа низ таа телевизија е нејзиниот основател и сопственик Зоран Димов, кој по чиста коинциденција исто така и на 13 декември е негов роденден.
Среќен роденден Зоран Димов и ТВ БТР- Национал!

Отворен повик за аплицирање за учество на филмскиот фестивал „Златно Тркало 2024„ во организација на СП БТР

СП БТР како и секоја година така и во 2024 година во рамките на своите активности ќе го организира Интернационалниот Ромски филмски фестивал „Златно Тркало 2024„

На него имаат право да учествуваат сите домашни и странски филмски продукции и индивидуалци во категоријата на Играни и документарни филмови со Ромска тематика.

Фестивалот ќе се одржи во месец Април 2024 во Скопје, Р.Северна Македонија.

Конкурсот за пријавување е отворен до 31 Јануари 2024 година.

Сите заинтересирани својот апликационен формулар може да го симнат на https://www.romatimes.news/index.php/mk/

И потоа да го испратат на е маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 170 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот