Home All NGO Projects Одржана завршната конференција на проектот „Чекор по чекор до полноправно членство“ во...

Одржана завршната конференција на проектот „Чекор по чекор до полноправно членство“ во Клубот на пратеници

15
0

Во Клубот на пратеници во Скопје на 2 ноември 2026 година се одржа завршната конференција на проектот „Чекор по чекор до полноправно членство“, што го реализира Здружението Ромски деловен информативен центар на Македонија (ЗРДИЦМ), со финансиска поддршка од Министерството за односи меѓу заедниците.

На конференцијата, што ја модерираше Зоран Димов, претседател на ЗРДИЦМ, присуствуваа околу 30 гости од државните институции, дипломатскиот кор, Европската унија, граѓанскиот сектор и ромската заедница.

Со воведни излагања се обратија Зоран Димов, министерот без ресор Ерџан Демир, пратеникот во Хрватскиот сабор Вељко Кајтази, претседателката на Савезот на Роми во Хрватска „Калисара“ Сузана Крчмар, Надир Реџепи – Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК – Тетово  и градоначалникот на општина Шуто Оризари Куцо Дудуш. Тие зборуваа за европската интеграција и за местото на Ромите во тој процес.

Во дискусијата учествуваа и претставници на граѓанскиот сектор. На Александар Алексоски, кој го следеше проектот како мониторинг, му беше врачена плакета како благодарност на Министерството за односи меѓу заедниците за дадената финансиска поддршка.

Проектот ги анализира искуствата и научените лекции од пристапувањето на Хрватска во Европската унија, со фокус на вклучувањето на Ромите во реформските процеси. Врз основа на истражување и компаративна анализа се формулираат препораки за подобрување на националните политики за интеграција на Ромите и за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и институции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here