Home All IRU Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИРУ и Networker Club LLC, во поле...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИРУ и Networker Club LLC, во поле на реализација на активностите на Ромскиот инвестициски фонд – Асцелератор (РИФ-А)

3
0

Денеска во просториите на Нетворкер клуб во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИРУ и Networker Club LLC. Од страна  на ИРУ беше нејзиниот претседател Зоран Димов,  додека од страна на Networker Club LLC, – Друштво за трговија и услуги  беше потпишан од страна на Извршниот директор Сања Митровска. Овој Меморандум е од големо значење и за двете страни ако се знае дека ќе се работи на полето во кои се опфатени полињата на активности на РИФ-А,а дел од нив се – Развој на ромска мрежа бизнис (бизнис инкубатори), Развој и имплементација на практики кои би резултирале со стартап бизниси (микро и макро бизниси), Поврзување на апликантите со професионални консултанти. (подготовка на деловен план) и др. А тоа ќе подразбира и Поттикнување на претприемништвото на малцинствата со поместување на почетната сцена, Финансиска поддршка за развој на иновативни старт-ап бизниси, Економски напредок и сл.  Инаку самата Визија на РИФ – A е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија. Мисијата на РИФ – A е да го поддржи развојот на малите и средни претпријатија, новоформираните претпријатија и социјалното претприемништво во ромската заедница. Долгорочни цели се: подобрен пристап до финансиски услуги, промоција на претприемништвото, поттикнување на иновациите и развој на партнерства. Овој пристап бара еднакви услови за игра преку обезбедување еднакви шанси за реализација на сите идеи и иницијативи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here