Home All Politics На 16 ноември 2024 година во Будимпешта, Унгарија ќе се одржи, Самит...

На 16 ноември 2024 година во Будимпешта, Унгарија ќе се одржи, Самит за ромски лидери од ЕУ и Западен Балкан на тема „Поглед на политиката на ЕУ за Ромите: од локално до глобално“

2
0

Во организација на тројцата ромски преставници во владините институции на Унгарија,  која

воедно е и Претседавач со ЕУ, Атила Стојка, државен секретар за социјална инклузија и односи со Ромите, Министерство за внатрешни работи, Унгарија, Хорват Јанош Шандор др. Генерален директор на Генералната дирекција за социјална инклузија и Аба Хорват Иштван претседател на унгарската ромска национална самоуправа, во Будимпешта, на 16 ноември 2024 ќе се одржи, Самит за ромски лидери од ЕУ и Западен Балкан на тема „Поглед на политиката на ЕУ за Ромите: од локално до глобално“.

На самиот Самит свое присуство е најавено од голем број на Ромски лидери од повеќе национални и интернационални институции, организации и др.

Дел од панел дискусиите кој ќе бидат на агендата на Самитот се:

„Улогата на избраните ромски службеници во развојот на политиката на ЕУ и Западен Балкан“

„Координација на националните и стратегиите за инклузија на Ромите на ниво на ЕУ и Западен Балкан“

„Зајакнување на политичкото влијание на Ромите во институциите на ЕУ и Западен Балкан“

и „Креирање механизми за одговорност за спроведување на политиките“

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here