Home All Šutka NEWS Настан поповод Неделата на женското здравје 2024 – Меѓународниот симпозиум насловен „Здравјето...

Настан поповод Неделата на женското здравје 2024 – Меѓународниот симпозиум насловен „Здравјето во фокусот на жената“

2
0

На 17 мај 2024 година во Хотелот Double Tree Hilton, Скопје, ќе се одржи настан на Македонската асоцијација на гинеколози и акушери (МАГО) по повод Неделата на женското здравје 2024 година.

На самиот настан ќе се обратат: Проф. Др. Горан Димитров, претседател на Македонско Лекарско Друштво, Проф. Др. Глигор Тофоски, претседател на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари, Др. Ламбе Крстески, матичен гинеколог во Шуто Оризари и Марија Башеска Стојановска, новинарка-толкувач на знаковен јазик во МРТВ, – претставничка од заедницата на лицата со попреченост

Согласно податоците од Министерство за Здравство и Фондот за Здравствено Осигурување, во Шуто Оризари има 2500 жени кои се здравствено осигурани, но немаат одбрано матичен гинеколог, и околу 1000 жени кои не се осигирани и немаат матичен гинеколог. Согласно законските регулативи во Р. С. Македонија, секој поединец без разлика на работниот статус може здравствено да се осигура и со тоа да се стекне со правото на бесплатни здравствени услуги.

Целта на оваа прес-конференција е да се нагласи важноста од редовните превентивни прегледи и рано откривање на здравствените проблеми како и информирање на сите жени во Македонија дека изборот на матичен гинеколог е од клучна важност за редовните превентивни прегледи.

Марија Башеска Стојановска и д-р Ламбе Крстевски, ќе дадат увид од прва рака за предизвиците со кои се соочуваат ранливите групи во пристапот до услугите за сексуално и репродуктивно здравје.

Централниот фокус на Неделата на женското здравје 2024, е меѓународниот симпозиум насловен „Здравјето во фокусот на жената“, специјално дизајниран за специјалисти и специјализанти по гинекологија и акушерство. Овој симпозиум, со интернационален карактер ќеј се одржува во период од 17 до 19 мај 2024 година, а ќе собере голем број на експерти за да се осврнат на актуелните прашања за здравјето на жените. Свеченото отворање ќе биде на 17 мај од 18:00 часот. Во текот на целиот симпозиум, учесниците ќе се вклучат во дискусии и презентации кои покриваат широк спектар на теми, вклучувајќи:

– ХПВ вакцина

– Вакцинација во бременост

– Улогата на обезитетот во бременоста

– Презентација на Стандардната оперативна процедура на Центрите за жртви од сексуално насилство

Симпозиумот има за цел не само да ги унапреди знаењата и вештините на здравствените работници, туку и да ја подигне свеста кај општата популација за клучните аспекти на здравјето на жените.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here