Home All Education Отворен Конкурс за доделување на 920 стипендии за ученици Роми во средните...

Отворен Конкурс за доделување на 920 стипендии за ученици Роми во средните училишта во учебната 2023/2024 година

2
0

Министерството за образование и наука за учебната 2023/2024 година ќе додели 920 стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

  • Во првата категорија 270 стипендии во висина од 000денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
  • Во втората категорија се доделуваат 320 стипендии во висина од 300денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
  • Во третата категорија се доделуваат 180 стипендии во висина од 1.700 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.00 –  3.49 во последната учебна година;
  • Во четири категорија се доделуваат 150 стипендии во висина од 200денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2.00 – 2.99 во последната учебна година.

КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;

2) да не повторувале во претходната учебна година;

3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;

4) да се припадници на ромската заедница; и

5) да се државјани на Република Северна Македонија.

При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета и четврта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените. 

Учениците кои ги исполнуваат условите од Конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, од 09.10.2023 до 23.10.2023 година.

Потребните документи за доставување се следните:

  1. Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024година;
  2. Свидетелствата за завршена претходна учебна година на образование (кандидатите од I година доставуваат свидетелство од IX одделение, кандидатите од II година доставуваат свидетелство за I година, кандидатите од III година доставуваат свидетелство за II  година, кандидатите од IV година доставуваат свидетелство за III година) – (да се прикачи оригинално Свидетелствo скенирано од двете страни на електронската апликација);
  3. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија на кандидатот (да се прикачи оригинално државјанство на електронската апликација);
  4. Трансакциска сметка на име на ученикот (да се прикачи на електронската апликација);
  5. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија(се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање);
  6. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање).

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 13.11.2023 година на интернет страницата на Министерството.

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 30.11.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. Контакт: Мерита Мустафи, 078 865 068

Link: https://mon.gov.mk/content/?id=7335&fbclid=IwAR1by6uuwVqeiqFIrG-ALb5iyihL8Ct8r3i29ymSTuGhC8TsLQNI_xLLWEA

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here