Home All Antigypsyism ИРУ со реакција на навредата кон Ромите од страна на Конер Русо...

ИРУ со реакција на навредата кон Ромите од страна на Конер Русо претседателот на партијата „Воруит„ од Белгија: „На шега или не, искажаното е навреда за Ромската заедница, потребна е реакција„

2
0

Поповод неодамнешната контроверза која ја потресе Белгија, предизвикана од несоодветни забелешки на Конер Русо, претседателот на политичката партија „ВОРУИТ“, остава горчлив вкус не само кај Ромите, туку и кај секој кој ги негува основните вредности.

Извинувањето дадено за време на прес-конференцијата, во некоја рака е добра, но недостатокот на специфично извинување до Ромите од страна на г-дин Русо фрла сенка врз нејзината искреност и го поставува прашањето дали овој инцидент е само политички маневар или вистинско извинување.

ИРУ реагира на молкот на политичката елита за поддршката за ромската заедница. Критиката за расизмот е присутна, но солидарноста со директно погодените е отсутна Каде се министрите од Белгија да ја изразар горченоста од страна на Белгија во институвциите на ЕУ?

Затоа и ИРУ бара и од белгијските власти, а воедно и од ЕУ да реагираат навремено и превентивно. Да не се чувствуваат Ромите од Белгија дека се оставени самни на себе и без поддршка. И самиот Конер Русо треба да знае дека одговорност на политичките лидери е да се изразат со големо внимание и почит за сите заедници“.

Белгија, како дел и воедно „срцето„ на Европа, мора да покаже дека е отворена за сите свои граѓани, без оглед на бојата на кожата или културната позадини.

ИРУ во иднина нема да толерира вакви случувања и воедно доколку се продолжи на ваков начин со навреди ќе се ангажира да организира заедноо со другите релевантни ромски организации и масовни протести низ Белгија и другу европски градови „ стои во рекацијата на ИРУ потпишана од нејзинит претседател Зоран Димов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here