Home Uncategorised Алина Мемети – малата хероина од Тетово со уметност и пркоси на...

Алина Мемети – малата хероина од Тетово со уметност и пркоси на леукемијата!

3
0

Деновиве  во детската градинка „Детска Радост„ во Скопје, својата прва самостојна изложба на детски цртежи ја имаше 7 годишната Алина Мемети.

Инаку самата изложба е уште повредна и позначајна затоа што е од дете ке има само 7 години, но уште поважно малата Алина Мемети е вистински херој. Таа и покрај  својата болест – леукемија , својата инспрација како пациент на Онкологија –Детската клиника,  ја наоѓа во својот вроден талент – уметноста,

Таа уште од своја 2 годишна возраст започнала да црта, така што нејзината љубов кон цртањето продлжила и за време на нејзинто лечење на Детската клиника.

Сите до еден, воспитувачите, докторите како и наставниците веруваат дека Алина ќе ја победи оваа болест и дека ќе има уште долги години да го покажува својот талент кон цртањето и уметноста. Алина ти си херој и ќе успееш!

Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=wgLuhAQGmko

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here