Home All Politics Од самобендисаност и его, Ромите се „слепи„ на видливите проблеми

Од самобендисаност и его, Ромите се „слепи„ на видливите проблеми

2
0

Времето си поминува не гази, а Ромската нација во државата сеуште се спрепнува на факторот самобендисаност и его. До гуша сме во кал, а ние упорно калта ја гледаме  – розово. И уште се тешиме со „Ќути има и полошо„ .

Од ден на ден животот и живеачката не голта како „жив песок„, од повеќе аспекти. Ромите се скроз на скроз дезориентирани и изгубени. Немаат никаква моќ, ниту економска, ниту социјална, културна, образовна….. За политичка да не праиме ич муабет.

Наскоро за Ром ќе нема место ни за портир во Владата или Парламентот.

А зошто е тоа така?

Лесно и препознатливо – Од самобендисаност и его! Сите сме родени за лидери, водачи, оратори. Сите сме родени за врвот! Никој неќе да е „втор„.

И затоа од таа илузија „Сите сме родени за врвот!„ ние нашите проблеми не ги гледаме и понатаму остануваме назад во споредба со другите наши соседи и сограѓани.
 А во вистинска смисла на зборот кај нас владее зависта, инаетот, и воедно кој многу лесно ја даваме двербата на неки не Роми , а не кон нас самите  Роми.
Е со такв ментален склоп нема да мрденеме ниту за прст понапред, и напротив – ќе си останеме „црна дупка вио општеството„ . Ако браќа Роми само терајте така, за тоа не бива!

 Рамуш Муарем – Цирко

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here