Home All Culture Во Токио,Јапонија промовиран ромскиот јазик, култура, традиција, потекло и историја преку документарецот...

Во Токио,Јапонија промовиран ромскиот јазик, култура, традиција, потекло и историја преку документарецот на СП БТР „Небо, Точак, Земја„

2
0

Пред стотина заинтересирани јапонци на 11 август во Токио во  

Athenée Français Cultural Center беше презентиран и прикажан документарнит филм за потеклото, историјата, традицијата и јазикот на Ромите кој е производ на СП БТР продукција. Настанот беше организиран од страна на ИРУ делегатот од Јапонија и ромскиот активист Суми Јусуке.

По тој повод пред прикаживање на филмот свој поздравен говор пред присутните, свое видео обраќање имаше продуцентот на тој филм и воедно претседател на ИРУ Зоран Димов.

По завршување на проекцијата Суми Јусуке имаше своја презентација и запознавање со дел од ромската култура , традиција , историја и јазик на присутните гости.

Општ впечаток беше дека присутните беа импресионирани од  ромската култура и традиција која за многумина од нив беше и прво запознавање со Ромите.

Како што беше напоменато од страна на организаторот Јусуке, овој вид на презентација и во иднина ќе прерасне во традиција, и вакви настани поврзани со Ромите ќе се организираат во оваа далечна земја од далечниот Исток – Јапонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here