Home All Culture Цените не пораснале во период од 500 години. Германска населба каде киријата...

Цените не пораснале во период од 500 години. Германска населба каде киријата чини 0.88 евра годишно!

2
0

Цените на становите и куќите во метрополите низ светот и тоа како се зголемени, што поради пандемијата што поради кризата во која веќе е длабоко навлезен целиот свет.

Лудилото со цените на недвижностите се чувствува и во многу европски метрополи. Секој што барал стан во Берлин, Даблин, Париз и други големи градови знае колку е тешко.

Сепак, има и различни примери. Иако звучат како дел од рубриката „верувале или не“, тие се реалност. Станува збор за идиличната германска населба Фугереј, каде што цената за изнајмување стан не е променета од 16 век и изнесува 88 центи годишно.
Населбата од соништата се наоѓа во баварскиот град Аугсбург. Тој е и еден од најстарите градови во Германија, за што сведочи и неговото име: имено, бил основан по наредба на римскиот император Август како воен логор. Дури и тогаш овде живееле околу 10.000 луѓе, а подоцна станал еден од најголемите градови на Светото Римско Царство.

Link: https://www.fakulteti.mk/news/14112022/cenite-ne-porasnale-vo-period-od-500-godini-germanska-naselba-vo-koja-kirijata-chini-88-centi-godishno

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here