Home All Social ОН: Индија до крајот на оваа недела ќе ја престигне Кина според...

ОН: Индија до крајот на оваа недела ќе ја престигне Кина според бројот на жители

2
0

До крајот на оваа недела Индија ќе ја престигне Кина и ќе стане најнаселената земја во светот, објавија Обединетите нации.

Населението на Индија се очекува да достигне 1.425.775.850 до крајот на април, според најновите податоци на Одделот за економски и социјални прашања на ОН (DESA), објави Би-Би-Си.

Фондот за население на ОН минатата недела објави дека Индија ќе има 2,9 милиони луѓе повеќе од Кина до средината на оваа година.

Стапката на наталитет во Кина неодамна опадна, а нејзиното население се намали минатата година за прв пат од 1961 година.

Населението на Кина би можело да падне под една милијарда до крајот на векот, соопшти ДЕСА.

Во ноември минатата година, светската популација надмина осум милијарди.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here