Home Uncategorized Марко Д. Кнудсен – Лицемерна германска политика кон Ромите бегалци

Марко Д. Кнудсен – Лицемерна германска политика кон Ромите бегалци

2
0

Германија сите ја гледаат како космополитска и толерантна во однос кон бегалците, но во реалност тоа е спротивно. Одоносот кон сите бегалци е лицемерен  и неискрен.Кога се говори за тој лицемерен и неискрен однос, најповеќе се мисли на депортацијата на Ромите – бегалци баратели на азил. Депортациите се вршат на неморален развој на самата депортација. Случаеви, на депортација на Роми, кои живеат над 20 години во Германија. Депортација на деца и млади кои всушност се родени во Германија. Депортирање на млади луѓе и деца кои знаат да го говорат само германскиот јазик.

 

Најтешко да се обезбеди дозвола за престој, се чини дека кон Ромите не се еднакви аршини.

Во системот на германските служби постојат повеќе термини и класификација на бегалците. Еден од нив е и „суспензија на депортација„, која всушност е пракса која се прави врз Ромите..

Една од класификациите за бегалец, најчест термин за Ром – бегалец  е т.н. Sozialschmarozern , кој всушност во превод е „општествени паразити„ кои тие во поблага форма го дефинираат „економски бегалец – барател на азил„ и се означени како трета квази класа на бегалци

На иницијатива на покраината Баварија е основан т.н. Abschiebekonzentrationslage, кој е наменет само за балканските бегалци. Но експлицитно е дека најголемиот процент на бегалци од Балканот се Роми! И повторно Германија  индиректно како во времето на Втората светска војна, прави логор каде најголемата концетрација ја сочинуваат Роми.

Лицемерието на Германија кон Ромите се гледа од фактот:

1.Депортација на Роми од Косово, во покраина каде Ромите се само декор во косовското општество, без никаква сигурност и толеранција

2. Депортација на Роми од Србија, е индиректно осудување на затворска казна, каде според законот на Србија е кривично дело и следува казна од 3 до 5 години затвор

3. Во Македонија депортираните баратели на азил ем се одзема патната исправа за да не може повторно да излезе, а за издавање на нова патна исправа на Ромите им бараат дали поседуваат куќа или друг имот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here