Зимата и ниските температури сигурно имаат влијание на зголемениот број на сиромашни лица каде во БиХ од година во година е се поголем. Според информациите од Светската Банка околу 48% од граѓаните во БиХ живеат на граница на сиромаштијата, додека 18% се под критичното ниво.
Најзагрозена категорија на граѓани се децата, старите лица инвалидите и Ромите. И покрај тоа што во извештаите од Владата на БиХ нема гладни луѓе, изјавите на самите граѓани е дека има денови кога буквално немаат што да јадат. Според некои ивештаи од босанскиот Каритас во народните кујни ширум оваа држава се хранат над 35 илјади граѓани
На повеќето оброкот од народните кујни им е единствениот извор на прехрана. Секој ден се зголемува и бројот кои се корисници на народните кујни.
Покрај гладта кај самите луѓе проблемот е дека тие треба денот да го преживеат со 1,5 евра дневно, пари со кои во Босна и Херцеговина може да се купат само леб и млеко. повеќето од половина од населението живее во есктремно сиромаштво. Над 700.000 граѓани живеат под границата на сиромаштијата. Сметањето на таа граница е сите оние семејства кои имаат приходи под 120 евра месечно . Според извештаи на Еуростат во Европа 24 % од граѓаните се изложени на сиромаштија и социјална исклученост














