Финска подготвува план за укинување на секој вид социјална помош и наместо тоа на секој граѓанин му дава по 800 евра месечно,
пишува британскиот Independent . Со овој план ќе ги снема сите компликации со системот за социјална помош, објаснува премиерот Јуха Сипила, а идејата ја поддржуваат дури 69% од граѓаните. Аналитичарите на Bloomberg пресметале дека овој проект ако се спроведе ќе ја чини државата 52,2 милијарди долари годишно.
Проблемите што ги орвара овој план се повеќе, а првите што паѓаат на ум се дека не е логично иста сума да добиваат и богатите и сиромашните, и тоа дека овие 800 евра месечно може да ги дестимулираат невработените да бараат работа, а Финска се соочува со најголема невработеност во последните десет години , што изнесува 9%. Но, економистите одговараат дека трошоците за живот во Финска не дозволуваат потпирање на само тие 800 евра што бо ги давала државата.
Конечната одлука за овој предлог што повеќе држави во слична варијанта одамна го анализираат, Финска ќе ја донесе во ноември догодина. Холандија е следната држава каде може да оживее проект за обезбеден основен доход.














