Home All Culture Свечено затворено 23. издание на Интернационалниот ромски филмски фестивал „Златно Тркало“

Свечено затворено 23. издание на Интернационалниот ромски филмски фестивал „Златно Тркало“

20
0

Со свечена церемонија во Кинотека на Македонија на 2 ноември 2026 година заврши XXIII Интернационален филмски фестивал „Златно Тркало“, во организација на Супер Продукција БТР, со финансиска поддршка од Град Скопје. Директор на фестивалот е Зоран Димов, а програмата ја водеше Даниел Петровски.

Публиката ја сочинуваа ученици од средното училиште „Шаип Јусуф“ и од основното училиште „Браќа Рамиз и Хамит“ од Шуто Оризари. Како почесни гости присуствуваа пратеникот во Хрватскиот сабор Вељко Кајтази, претседателката на Савезот на Роми во Хрватска „Калисара“ Сузана Крчмар, министерот без ресор Ерџан Демир, градоначалникот на општина Шуто Оризари Куцо Дудуш и претставници на невладини организации.

Вечерта почна со проекција на документарниот филм „Небо, точак, земја 2“, а потоа беа доделени наградите:

  • Гран при на фестивалот: „Dreams of a Romani“, во продукција на Савезот на Роми во Хрватска „Калисара“
  • Најдобар режисер: Сулејмане Мухајер-Мике (Франција), за филмот „Your Choice, Your Future“
  • Најдобар сценарио: Северјан Бајрам Кољо (Северна Македонија), за филмот „The Truth Hurts“ во продукција на РТВ Рома
  • Награда за музика: Надир Реџепи (Северна Македонија), за филмот „Balkan Roma“
  • Награда за зачувување на трајните вредности: „The Road to 1971“, во продукција на Еу Ромапрес (Франција)
  • Награда за придонес за ромската заедница: „The Old Poverty“, во продукција на РТВ Рома (Косово)
  • Почесна награда: Град Скопје, за поддршката на фестивалот

Фестивалот промовира документарни и играни филмови со ромска тематика и афирмира автори од различни држави, со цел развој на филмската култура, интеркултурен дијалог и поголема видливост на ромската заедница.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here