Home Uncategorized ИРУ Реакција поповод случивањата во Тула, Русија

ИРУ Реакција поповод случивањата во Тула, Русија

3
0

ИРУ Реакција поповод случивањата во Тула, Русија

 

 

До Амбасадата на Руската Федерација во Р.Македонија

НЕ- г-дин Олег ШЧЕРБАК

 

Почитувани

 

Интернационалната Ромска Унија -ИРУ , е организација која делува 45 години, е и застапена во моментов со над 70 Ромски делегати од 40 држави од светот.

Се чувствуваме одговорни и директно засегнати  со последните случувања во ромската населба Плекханово во градот Тула – Русија, и одлуката на локалната власт за рушење на 127 ромски куќи .

Опасноста од оставање без кров над главата на овие  ромски семејства и на над 300 мали ромски деца на улица , е нехуман и навистина дискриминаторски акт.

Ве потесетуваме дека сите видови на дискриминација, сегрегација и други форми на против законски одлуки се директна повреда на основните човекови права.

Се надеваме дека Вие како демкратска држава ќе ги превземете сите законски одредби и запирање на оваа постапка, и изнаоѓање на некое алтернативно решение.

Најнапред е потребно да се гледа хуманиот аспект, а потоа се преостанато.

Затоа Ви ја испраќаме оваа реакција во името на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ, и во името на над 12 милиони Роми од Европа за што поскоро изнаоѓање на адекватно решение за овој проблем, со што веруваме дека постои демократски капацитет и желба и од Ваша страна и воедно  да се покаже широк спектар на хуман гест.

 

Со почит

 

Интернационална Ромска Унија – ИРУ

Претседател

Зоран Димов

 

 

 

Во Скопје, Р.Македонија 

 24 мај 2016 година

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here