ИРУ Реакција поповод случивањата во Тула, Русија
До Амбасадата на Руската Федерација во Р.Македонија
НЕ- г-дин Олег ШЧЕРБАК
Почитувани
Интернационалната Ромска Унија -ИРУ , е организација која делува 45 години, е и застапена во моментов со над 70 Ромски делегати од 40 држави од светот.
Се чувствуваме одговорни и директно засегнати со последните случувања во ромската населба Плекханово во градот Тула – Русија, и одлуката на локалната власт за рушење на 127 ромски куќи .
Опасноста од оставање без кров над главата на овие ромски семејства и на над 300 мали ромски деца на улица , е нехуман и навистина дискриминаторски акт.
Ве потесетуваме дека сите видови на дискриминација, сегрегација и други форми на против законски одлуки се директна повреда на основните човекови права.
Се надеваме дека Вие како демкратска држава ќе ги превземете сите законски одредби и запирање на оваа постапка, и изнаоѓање на некое алтернативно решение.
Најнапред е потребно да се гледа хуманиот аспект, а потоа се преостанато.
Затоа Ви ја испраќаме оваа реакција во името на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ, и во името на над 12 милиони Роми од Европа за што поскоро изнаоѓање на адекватно решение за овој проблем, со што веруваме дека постои демократски капацитет и желба и од Ваша страна и воедно да се покаже широк спектар на хуман гест.
Со почит
Интернационална Ромска Унија – ИРУ
Претседател
Зоран Димов
Во Скопје, Р.Македонија
24 мај 2016 година














