На последниот состанок на ЕУ во Брисел, унгарскиот министер за правда Ласло Тросанај на конференцијата „ Кривично правен одговор на радикализмот„ тој изјавил дека Ромите од Европа кои бројат 12 милиони „би можеле да бидат цел на радикализмот„ и да се приклучат на борците на ИСИС или други радикални групи како странски борци.
На прашањето во врска со Ромите од Европа каде во најголем процент се католици, зошто би одбрале да се борат заедно со џихадистите, одоговорот на портпаролот на Владата на Унгарија за да го „оправда„ својот министер напомена :„ Луѓе кои се жалат дека се лишени од основните човекови права, често се подложни на радикални ставови„
Воедно портпаролот на Владата на Унгарија надополни дека овој став на унгарскиот министер за правда е „само хипотетички„ кој сеуште не е целосно разгледан. Инаку во Унгарија живеат околу 700.000 Роми кои најголемиот процент од нив живеат на маргините од општеството а децата посетуваат сегрегирани училишта.
На унгарската влада ова не и е прв пат вака да настапува против Ромите. Премиерот Орбан исто така беше претходно изложен на критики поради неговиот дискриминаторски став кон Ромите. Тој на 7 септември оваа година на еден состанок со странски делегации изјави дека :„Ромите не се дел од унгарското општество„














