Шутка NEWS

Која е причината што поликлиниката во населбата Шуто Оризари викендов немаше ноќно дежурство?

Викендов во населбата Шуто Оризари поликлиниката за време на ноќните дежурства не функционираше. Веднаш на социјалните мрежи беше објавена оваа информација, но без образложение.
Имаше фотографија на која беше напишано дека прегледите ќе се вршат вополиклиниката Чаир, и толку.
Кои се причините за неработење на поликлиниката во Шуто Оризари никому не му се јасни.
Според последните информации веќе во неделата на 17.11.2019 година ноќните дежурства си продолжија и работеа со полн капацитет.
Но која беше причината за неработење за викендов засега нема информации и се чека од Министерството за здравство да излезе со свое соопштение, за причините.

За целосно да се исчисти депонијата во Шутка потребни се многу пари, вели Заев

Иако дивата депонија во Шуто Оризари почна да се чисти, работата заостанува, бидејќи паралелно со чистењето, се врши повторно полнење на депонијата. Продолжува и палењето на ѓубрето.

Премиерот Зоран Заев вели дека за целосно чистење потребни се повеќе средства од тие што биле предвидени.

Постапките за чистење на дивите депонии треба да се предводат од општините на чии територии спаѓаат депониите, но тие немаат средства. Премиерот изјави дека средствата во вредност од 200 милиони денари, кои биле предвидени за чистење на дивите депонии на државно ниво, веќе се потрошени. Затоа, тој рече дека е потребно да се обезбедат дополнителни средства.

Првата ромска општина во светот, Шуто оризари го прослави својот 23 роденден!

Општината Шуто Оризари започнува да се развива кон крајот на 1963, почетокот на 1964 година, со населување на првите жители и тоа најмногу Роми. Името потекнува од зборот “шуто” што во превод значи неплодно.

Во почетокот на 1996 година Шуто Оризари заедно со двете села околу неа– Горно и Долно Оризари, формираат самостојна административна единица – општина Шуто Оризари. Општина Шуто Оризари e првата општина во светот со мнозинско Ромско население.

Затоа на 12 Септември во ресторантот „Мевче Палас„ беше одбележан јубилеот на оваа општина каде свое присуство имаа владини преставници, меѓународни мисии, локални институции , здруженија на граѓани и медиуми.

По тој повод, градоначалникот Курто Дудуш додели плакети за придонес во развојот на ромската заедница.

Дали е пронајден убиецот на младата Ромка која беше пронајдена во црна кеса во Горно Оризари?

На 6 август годинава во близина на Горно Оризари покрај патот беше пронајден женски леш во црна ќеса. По обдукцијата беше идентификувано телото и утврдено е дека се работи за 30 годишна девојка жител од населбата Шуто Оризари.

Потоа од МВР потврди дека таа била убиена со употреба на цврст предмет и дека потоа беше фрлена покрај патот. Веднаш се појавија и информации дека веќе имаат и осомничени лица за тоа убиство.

Но потоа веќе немаше информации до каде е истрагата.  Според неофицијални извори како осомничени засега се водат две лица, жители од населбата Шуто оризари, но поради недостиг на докази, постапката против нив е запрена но тие сепак сеуште внимателно се следат.

Исто така неофицијално се дознава дека еден од осомничените е триесет годишен маж кој наводно со жртвата бил во секојдневен непосреден контакт и биле во неформална врска.

Поради тој факт, неофицијално е под полициско надгледување, каде во меѓувреме полицијата сеуште ги прегледува доказите за евентуално доколку се остварат нивните претпоставки да превземат соодветни понатамошни законски чекори.

Во истрагата се очекува да помогне и анализата на отпечатоците кои евентуално ќе се откријат на црната вреќа со која било завиткано телото.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 61 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот