Пропуштивте

На одржаната Панел дискусија „Формализирање на собирачите на отпад“, пред присутните на овој настан во ЕУ Инфо центарот организаторите ЗДРИЦМ и Гоу Грин напоменаа дека постои голема неформална економија во секторот отпад, каде што собирачите на отпад претставуваат мошне значаен дел.

Со професијата „Собирач на отпад“ ќе се даде правна форма во нивната дејност, со што ќе може да се вклучат во системот и да се вработат.

Во таа насока и двете организации имаат подготвено план и програм за реализација на овој вид на активност.

Повеќе...

ЗРДИЦМ и Гоу Грин организираат Панел дискусија: “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во одржлив систем за управување со отпад во Град Скопје“

На 20 Номеври во вторник со почеток од 11 часот во ЕУ Инфо Центар Скопје ќе се одржи панел дискусија на тема “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во одржлив систем за управување со отпад во Град Скопје“
Иницијатори на организирање на оваа панел дискусија се Здружението Ромски Деловен Информативен Центар и Здружението Гоу Грин - Скопје.

Повеќе...

На 04. 09.2018 во месната заедница во населбата Лисиче се одржа јавен настан на кој се одбележи почетокот на собирањето на пластиката од домаќинствата во населба Лисиче, од страна на неформалните собирачи на отпад.
На настанот, Здружението „Гоу Грин“ и „Ромски Бизнис Информативен Центар“, заедно со Град Скопје и Општина Аеродром, им доделија „ХТЗ“ опрема , џамбо вреќи и видлива идентификација на неформалните собирачи кои ќе го вршат собирање на пластиката во населбата Лисиче.

Повеќе...

Иницијативата на Претседателот на ЗДРИЦМ, Зоран Димов со подршка од повеќе Ромски НВО - ИнСоК, Скопје, Месечина -Гостивар, Сонце -Тетово, Ромалитико, Здружението за правата на Ромите -Штип, РЕДИ, Дром -Куманово, Кхам -Делчево, Го Грин- Скопје и др како и од актуелниот пратеник во Собранието на РМ, Самка Ибраимовски, насловена како „Старт ап Рома 2018 -2020„ и изработен план кои беше предадена во Кабинетот на Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, за разгледување и на првиот заеднички состанок беа формирани неколку групи за негово разработување меѓу кои имаше и преставник од МТПС. Таа е веќе подготвена и ќе се предаде на разгледување во Комисиите на Владата.

Повеќе...

Здружение за едукација и заштита на собирачи на секундарен отпад – ЕДУКАТИВНА УНИЈА НА РЕЦИКЛАТОРИ – ЗЕУР- Скопје, за потребите на реализација на проектот “Идентификување на лица без изводи од матична книга на родени во Топаана и Чаир” , објавува Јавен повик за пријавување на 2 (две) Лица за превод на студија : едно лице за превод од македонски на англиски и едно лице за превод од македонски на ромски јазик.

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba

Вашите информации пратете
ги на нашиот емаил

info@romatimes.news

Партнери

Today 19

Yesterday 173

Week 19

Month 1497

All 459740

Currently are 55 guests and no members online

Kubik-Rubik Joomla! Extensions