Пропуштивте

Откако Интернационалната Ромска Унија -ИРУ која го ештаблира и потврди својот полн кредибилитет за време на Конгресот во Скопје во 2016 година, кога за нејзин претседател беше едногласно избран Зоран Димов, во изминативе две години со своите превземени активности и акции, како и остварени резултати, нејзиниот кредибилитет во очите како на ромската така и на не-ромската јавност се здоби со епитет, најкомпактна ромска интернационална организација.

Повеќе...

По покана од одговорниот уредник и водител на емисијата „Отворено Студио„ на 1 ТВ, Сашо Ордановски, гостин во емисијата беше Претседателот на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ, како и претседател на ЗРДИЦМ.

Беа поставени повеќе прашања во врска како со Ромите од РМ, така и за Ромите на интернационално ниво. На прашањето „Колку држави во Европа и светот имаат министри кои се грижат за третманот и правата на Ромите?„ Димов напомена дека Р.Македонија е една од ретките држави каде Ромите се директно преставени со ромски преставници како во локалната така и во законодавната и извршната власт.
Но сепак многу е слаба рефлексијата од сето тоа во општата состојба на Ромите во државата.

Повеќе...

Во рамките на своите активности за време на посетата на Русија, во Москва Претседателот на ИРУ оствари средба и разговори со истакнати Ромиски активисти и интелектуалци од Москва и Русија.
Претседателот Димов заедно со пефот на Офисот на ИРУ во Москва, Анатолиј Бутаков се сретнаа и разменија мислења со истакнатиот директор на Ромскиот театар во Москва г-дин Роман Грокхолски, со ромските активисти и културни работници Вадим Иван Бариев и со Надежда Деметер истакнат доктор по историски Науки.

Повеќе...

За подобра координација и активности во врска со работата на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ, и подобра координација со членовите на ИРУ од Руската федерација, денска официјално е отворен и офисот во Москва.

Тој значаен чин за ИРУ го означија Претседателот на ИРУ Зоран Димов, како и членот на ИРУ Анатолиј Бутаков.

Како што информираа и двајцата, ова е уште еден чекор напред во делувањето на ИРУ насекаде низ светот.

Повеќе...

По добивањето на ЕSОСOC статусот на ИРУ во ОН, и во рамките на понатамоѓна соработка и активности , средба со челниците на ОН имаше Претседателот на ИРУ Зоран Димов. Средбата се случи во седиштео на ОН во Виена.
Тие разговараа на тема околу состојбата и статусот на Ромите кои се дел и од планот на работата на ОН . Зоран Димов ги запозна со насоките за обезбедување и подигање на Ромското прашање на глобално ниво . За време на средбата во ОН- Виена исто ги запозна дека паралелни активности се водат и во другите два офиса кои ИРУ ги има за соработка со ОН во Њујорк и во Женева.

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba

Вашите информации пратете
ги на нашиот емаил

info@romatimes.news

Партнери

Today 241

Yesterday 133

Week 374

Month 2174

All 455379

Currently are 72 guests and no members online

Kubik-Rubik Joomla! Extensions