Пропуштивте

На 18 јуни годинава во рамките на продлжување на соработка во врска со имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, нејзиниот главен координатор и воедно министер без ресор во Владата на РМ. Аксел Ахмедовски одржа координативна средба со поголемиот дел на активни Ромски НВО.

Повеќе...

Од минатиот месец на територијата на општина Чаир започна со реализација проектот насловен како: Идентификување на лица без изводи од матична книга на родени во Топаана и Чаир.

Главна цел на проектот е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Ромската популација: немањето на извод од матичната книга на родени со што се јавува и неможноста истите да ги остварат правата од социјална и здравствена заштита кои ги нуди државата.

Проектот е имплементиран од страна на ЗЕУР во рамки на повикот за суб-грантирање од страна на проектот „Надвор од кругот- невидливи во општеството“ (имплементиран од страна на ИнСоК- Скопје, РЕЦ Амбрела - Скопје, Месечина - Гостивар и ЗПР Штип)“ и истиот е финансиски поддржан од Европската Унија.

Повеќе...

Здружението за правата на Ромите – Штип во партнерство со Иницијативата за социјални промени ИНСОК – Скопје и Хуманитарното добротворно здружение на Ромите - МЕСЕЧИНА – Гостивар, во рамките на проектот „Мрежа на Ромски граѓански организации - одговор на Ромската заедница“, финансиран од Европсkата Унија објавува Повик за доделување мали грантови.

На следните линкови ќе ги најдете сите потребни информации и упатства

Повеќе...

Главна цел на проектот е да се зајакнат жените Ромки и девојки преку дискусии за чувствителни теми (табу теми како што е сексуалното и репродуктивното здравје) права и пристап до превентивна и куративна здравствена заштита за Ромки од 15-49 години како и пристапот до здравствена заштита на новороденчиња.

Но истовремено да ги повикаме на отчетност и одговорност релевантните институции и креатори на политики за политиките кои се донесени во врска со жените Ромки во последните две години.

Повеќе...

Здружението за перспективна интеграција и развој „Рома Перспектив“ од Прилеп во соработка со ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп го реализира проектот за „Туторска поддршка за учениците Роми“ кој проект ќе трае и во наредните две години. 

Голем дел од учениците на кои им е потреба дополнителна настава се вклучени во овој проект и работат со тутори кои им го олеснуваат совладувањето на наставниот материјал. За таа цел, на 116-те ученици кои се вклучени во овој проект денес им беше доделен бесплатен ученички прибор (блок, водени боици, линиари, дрвени боички, тетратки, режалки, моливи, шестари итн..). 

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba

Вашите информации пратете
ги на нашиот емаил

info@romatimes.news

Партнери

Today 21

Yesterday 173

Week 21

Month 1499

All 459742

Currently are 61 guests and no members online

Kubik-Rubik Joomla! Extensions