Од осамостојување на Македонија од 1990 година па се до денеска, на ромската политичка сцена продефилираа повеќе имиња со префикс „Лидери на ромскиот народ„, формулирани преку своите политички опции. „Ромски лидери„ се прогласуваа и тие кои имаа Ромски политички субјект – партија со пристојно членство, но исто така „ромски лидери„ се прогласуваа и т.н. „Човек партија„. Сите кој во својата политичка опција имаа прилог „Ромски„ веднаш се поставуваа на лидерска позиција и се назначуваа за „Престедатели на неодредено време„.
ПЦЕР, СРМ, ДСР,ОПЕР, РОМ, ПДПР, ДПР, ПИР ... и уште еден мал куп партии фигурираа,(и сеуште фигурираат) на македонската политичка сцена, во континуитет го следеа трендот, на појавување во перидо од 4 до 6 години главно воден од изборниот циклус на државата во кој дел од ромските политички партии се активираа во предизборните кампањи со надеж дека ќе ги реализираат интересите на лидерите кој повеќето беа и „човек - партија„ и за вработување на своите најблиски , а исто некои и за одржување на својот бизнис преку тендерски договори.
Роми во државата според последниот попис изнесува скоро 54.000 Роми, а во функција се 9 ромски политички партии.
Од таа „борба за превласт„ и од нешто над 40.000 активни ромски гласачи, сите гласови се раситнија или „продадоа„ и сегашниот резултат е – само еден ромски преставник во Парламентот и тоа член на неромска политичка партија.
Од таа пуста борба за превласт „Јас сум вистинскиот ромски лидер„ дојдоа Ромите на ова дереџе.
За волја на вистината и ако се гледаат профилите на тие „ромски лидери„ – и ова е премногу!
Ако до пред 10-20 години можеби имаше и такви имиња кои можеше да се каже „Значајни имиња на ромската политичка сцена„ (Фаик Абди, Амди Бајрам, Неждет Мустафа, Шабан Салиу..), денеска за жал со сигурност може да се каже дека нема такво име.
По смртта на Абди Фаик и Амди Бајрам, тој вакуум наречен „ромски лидери„ сега е – празен. Факт е дека во ПЦЕР и по заминување на Фаик Абди сеуште не е најдена негова достојна замена и човек со капацитет. Во СРМ по смртта на Амди Бајрам на ред е избор на нов претседател на партијата, но дали ќе се зибори и за статусот Лидер на Ромите, тоа ќе го покаже времето.
Според мое мислење, останатите „ветерани„ на ромската политичка сцена не покажуваат некои свои амбиции дека сакаат да го завземат тој празен простор.
Забележливо е дека некој граѓански иницијативи, невладини организации или неформални движења сакаат да се наметнат како „потенцијален„ фактор кај Ромитем но забележливо е дека тие исто така се „активни„ само во периоди на предизборни кампањо, поделба на функции и др. Во „луфта„ период некако не се расположени за теренско –удварање кај Ромите.
Можеби грешам но како се движат работите, најверојатна е варијантата дека полека ромскиот политички блок ќе продолжи да се „раситнува„ и ќе се претопува во неромскиот политички како што се СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и др.
По се изгледа ќе треба да помине многу време додека не дојде на сцената нов свеж млад ромски политички кадар кој ќе може на некој начин „да го обедини„ ромскиот политички глас„ и да преставува некој – ромски фактор во очите и кај Ромите, но и кај неромските коалициони партнери.
Но сепак мора да се надеваме дека секогаш има и надеж.
На крај би рекол: Да не ја губиме надежта и потребно е да бидеме будни, затоа што „Надежта е сон – на будниот човек„