Софија Васиљевна Ковалевскаја (руски: Со́фья Васи́льевна Ковале́вская) е родена на 15 Јануари 1850 , а починала на 10 Фебруари 1891 . Таа порасна во добро образовано ромско семејство која ја имаше во тогашното руско племство.
Taa беше првата голема руска математичарка, одговорна за важни оригинални придонеси во анализата, диференцијалните равенки и механиката, и првата жена назначена како професор во Северна Европа.
Таа, исто така, беше една од првите жени да работи за научно списание како уредник.
Постојат неколку алтернативни преводи на нејзиното име. Таа го користила Софи Коуалевски, за нејзините академски публикации. Откако се преселила во Шведска, се нарекла Соња.
Денеска постигнувањата на Софија Ковалевскаја се цени многу високо од страна на светската научна заедница.
Во нејзина чест го именуваа лунарниот кратер и астеропид. Фотографијата на Соња е прикажана во 1951 година на советска поштенска марка.
Од 1992 година Руската академија на науките на математичарите им ја доделува наградата именувана како С. Ковалевскаја.
Во повеќе градови од пост советскиот простор повеќе улици го дибија името на познатиот научник. Во Соткхолм – Шведска , Велика Лука во Русија и во Вилниус, Литванија нејзиното име го добија образовни институции.