Хелсиншки Комитет: Во Р.Северна Македонија, Ромите се најдискриминирани

Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации (ООН) во 1966 година го прогласи 21 март како меѓународен ден за елиминирање на расната дискриминација. На тој ден во 1960 година, полицијата во Шарпвил, Јужна Африка убила 69 луѓе на мирен протест за укинување на сегрегацијата и против апартхејдот како официјална политика.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Мишел Бачелет, во нејзиното обраќање по повод одбележувањето на денешниот ден, уште еднаш, нагласи дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата. Сите ние можеме да придонесеме кон развојот и добросостојбата на општеството. Меѓународниот ден за елиминирање на расната дискриминација е можност за сите нас да повториме дека секој ден во годината ќе се бориме да ставиме крај на расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и нетолеранцијата.

Денес, во многу делови од светот, сведоци сме на пораст на движења засновани на идеи за расна супериорност кои ги демонизираат мигрантите и малцинствата. Ваквиот национализам ги зајакнува поделбите, поттикнува насилство и го прави општеството помалку безбедно. Можеш да се грижиш за својата земја и сепак да се грижиш за светот. Можеш да се грижиш за својата заедница и за своето семејство, а истовремено да ја почитуваш различноста на другите.

Со жалење констатираме дека, во нашата држава, расната дискриминација е директно или индиректно насочена кон граѓаните припадници на ромската заедница. Комитетот веќе подолго време прибира податоци и разгледува барања од страна на граѓани, припадници на ромската заедница за нивно етикетирање, таргетирање и нееднакво третирање.

Ромите како ранлива група, многу често се жртви на повеќекратна дискриминација и имаат ограничен пристап до социјални, здравствени и образовни услуги.

Уште еднаш, ја потенцираме нашата заложба и посветеноста во борбата против нееднаквиот статус и третман во Република Северна Македонија, насочени кон потполна елиминација на расната дискриминација и ги повикуваме сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирани по која било основа, тоа да го пријават во Хелсиншкиот комитет. 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 320 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот