Во 1937 година Јануш беше избран за крал на Ромите во Полска и на стадион полн со луѓе изјави: „Ќе испратам делегат кај Мусолини да го замолам да ни даде парче земја во Абисинија за населување на Ромите. На нашиот народ му е доста од талкање низ вековите и време е да заврши нашиот номадски живот. Наскоро нашиот претставник ќе биде во Лигата на нации“
Ова беше дел од напорите да се создаде татковина за Ромите на почетокот на 20 век, слична на (С)ционизмот. И двете групи беа прогонувани во својата татковина, организираа меѓународни конференции за обединување на својот народ и бараа странска поддршка. Исто така, на почетокот на 20 век се водеше дебата за тоа каде треба да биде татковината. Во случајот на (С)ционизмот, некои христијански водачи сакаа да создадат еврејска држава во Мадагаскар, Британска Гвајана или дури и Уганда. Истото беше случај и со Ромите кои се надеваа дека ќе имаат татковина, но каде ќе биде таа татковина беше отворено за дебата. Можеше да биде Абисинија, а некои веруваа дека се по потекло од Индија, па некаде на Ганг би било најдобро. Потоа, Јужна Африка, па дури и Египет станаа популарни избори. Во Абисинија, Мусолини размислувал и за создавање еврејска држава, па овие две групи често се испреплетувале.
Меѓутоа, во 20 век, Првата светска војна предизвика големи промени во политиката на Ромите. Новоформираните или обновените нации, како што се Полска и Романија, анектираат територии и ја презеле контролата врз Ромите. Кога Романија ја анектираше Трансилванија, десетици илјади Роми од австроунгарска контрола преминаа во романската држава и речиси веднаш организираа големи собири на Ромите. Тоа беше време кога се појави Јоргос Лазурица, кој стана лидер на ромската политика преку Генералниот сојуз на романските Роми. Преку неговото пишување и малку политичка саботажа, тој стана лидер во обединувањето на ромската популација во стабилна заедница. Со негови напори се одржа Меѓународниот конгрес за сите Роми чија цел беше да се организира обединет и стабилен Ромски народ.
Пред повеќе од 17 години на 1 ноември 2005 година, генералното собрание на ОН со резолуцијата 60/7 го прогласува 27 јануари за меѓународен ден за сеќавање на холокаустот.
На овој ден се сеќаваме на околу 6 милиони убиени евреи, над пола милион и повеќе убиени Роми, и уште 11 милиони останати луѓе, кои што беа жртви на нацистите и нивните соработници.Се сеќаваме и на нашата одговорност како луѓе и општество, ужасите од тој период да не се заборават!
Најчесто користениот термин „Холокауст“ е збор кој потекнува од античкиот грчки збор „олокаустон“ и значи „целосно изгорен“.
Обидот да се изрази со зборови цивилизацискиот крах направен од страна на тогашните политички превирања и апетити засекогаш ќе остане предизвик.
Ова се рефлектира и во официјалното име „Ден на сеќавање на жртвите на националсоцијализмот“, воведен во 1996 година од тогашниот германски претседател Роман Херцог за потоа и од страна на ОН во 2005.
Кога станува збор за ХОЛОКАУСТОТ, секогаш помислуваме на одреден морничав и мрачен период од Втората светска војна, помислуваме на нацистите, помислуваме на наредбите на Хитлер, на масовното истребување на Ромите, Евреите, истребување на ЛГБТ, лица со хендикеп и политички неистомисленици. Но, многу е важно истото да не го заборавиме и да креираме свест, и знаење помеѓу нашите врсници за истото.
Мораме да се потсетуваме на лошите работи, безмислените, грозни и мрачни случувања во минатото, затоа што ако не ги препознаваме истите во нашите општества, тие можат да се случат повторно, сега и во иднина. Мора да делуваме во сегашноста, влечејќи лекции од минатото, за да обезбедиме сигурна иднина за сите нас како човештво!
Според нас како Интернационална Ромска Унија – ИРУ за подигање на свеста кај сите нас потребно е и активно вклучување во борба против антисемитизмот, дискриминацијата, нетолеранцијата и антиромското расположение.
Таа борба подразбира подготовки и организирање на разни настани, конференции, дијалози и др. подготвени во заедничка координација и соработка преку европските институции, ИРУ, НВО секторот, политичките субјекти и други организации.
На тој начин веруваме дека ќе ја зачувуваме во меморијата за значењето на сеќавање на жртвите на Холокаустот, историјата и културата на Ромската заедница во еден од најтемните периоди во историјата на Ромите.
И на крај ИРУ по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот истакнува дека во време кога светот се соочува со војната во Украина ние се потсетуваме на една друга „војна„, предизвикана од една различна форма, а тоа е антисемитизмот.
„ Антисемитизмот ја негира вистината дека сите ние сме луѓе со еднакво, неотуѓиво и вродено човечко достоинство, дека човечкиот живот е бесценет бидејќи е уникатен и неповторлив. Наместо тоа, антисемитизмот, расизмот и нацизмот ги делеа луѓето и народите на повеќе и помалку вредни, и со тоа го отворија патот за нивна дехуманизација и уништување. Оваа „војна„ што низ вековите предизвикуваше прогони и погроми против Ромите, Евриете и другите народи на крајот кулминираше со холокаустот
Антисемитизмот продолжи да мутира како негација на холокаустот, и дека морална обврска на нашата генерација е да го почитуваме достоинството на секој човек, да бидеме солидарни кон ранливите и обесправените и да се сеќаваме на холокаустот, за никогаш да не се повтори.
Let us not forget
Ma te bistra
Со почит
Зоран Димов
Претседател на ИРУ
Ромките протерани од романскиот град Клуж-Напока, велат дека властите ги третираат како човечко ѓубре. Загадувањето од блиската депонија го загрозува нивното здравје, велат локалните жители.
Сепак, за 1.500 Роми кои живеат овде, Пата Рат е многу жив иаку опасноста за животната средина на нивниот праг. Две депонии за „привремено складирање“, поставени покрај старата во 2015 година, а експертите велат дека стариот отпад никогаш не бил соодветно третиран.
Sига, нејзиниот партнер и децата сега живеат во трособен стан во градот. Но, таа не му го сврте грбот на Пата Рат. Нејзините браќа и сестри и нивните семејства сeуште живеат таму, а таа работи на тоа место за да издржува уште 30 семејства кои ќе се преселат во втората фаза од иницијативата. „Посакувам никој да не остане во Пата Рат“, вели Ѕига. „Никој не заслужува да живее таму“.
Link: https://www.dw.com/en/living-in-a-sea-of-trash-roma-fight-environmental-racism-in-romania/a-58827229