Antigypsyism

In Memoriam: Марко. Д. Кнудсен (1974 – 2023 )

На 21 Ноември 2023 година, Роомите и Ромската заедница како од Европа така и од светот изгуби еден истакнат Ромски експерт и активист. Марко Кнудсен со својот ангажман уште од најрана младост започна со својот активизам, и во сиот овој период придонесе многу во борбата против  дискриминацијата и антициганизмот. Беше  ценет како од Ромската заедница, така и од останатите. Своето знаење го изрази и како Експерт за Институтот Георг Екерт,работеше и во Советодавниот одбор за интеграција Хамбург, а исто и как дефектолог и социјален работник во Здружението за образование на Ромите во Хамбург. Меѓу другото беше активен и во вклучување и учество на Ромите и Синтите,Советник на важни институции и личности Роми и Синти: работи како експерт во Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

Беше исто така и познат и признат филмски продуцент и филмски работник

Работел како ТВ продуцент во Offener Kanal Hamburg,

Живееше и работеше во Хамбург

 

Сликарот Север Золак ја фотографира Слаѓана Новаков и ја претставува како Ромка со академска тутула, храбра, елегантна жена со исклучителна убавина

Слаѓана Новаков е образована Ромка, со академска диплома, која повеќе не живее во неформална населба. По потекло е од ромската населба Опово, крај Зрењанин, сега живее во Белград и има 30 години.  Север Золак за овој портрет ја избра Слаѓана со цел да ја потсети јавноста на фактот дека Ромките исклучително ретко се инспирација за уметниците, а дека, дури и кога се присутни во различни сфери на уметноста, најчесто се демистифицираат преку улога на необични жени.

Ова е прв пат Слаѓана да позира. Оваа изложба беше поставена во Белград, - Музеј на град Белград, Р.Србија во периодот од 15. 10. - 29. 10. 2020 каде модел беше Слаѓана Новаков, шминката на Драган Вурдеља и фустанот дизајниран од Инес Јанковиќ

Link: https://www.originalmagazin.com/urednicki-izbor/sever-zolak-sladjana-novakov-paja-jovanovic/

 

Поради расно профилирање на Роми, С. Македонија треба да плати казна од 13.000 евра, одлучи Судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против  С. Македонија со која се осудува расното профилирање на Роми на граничните премини, а пресудата се однесува на петмина апликанти од ромска етничка припадност, застапени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) од Брисел и приватни адвокати кои работат за Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

Од ЕЦПР истакнуваат дека на 24 октомври, Судот утврдил  дискриминација на четворица од петмината Роми- апликанти и повреда на нивната слобода на движење, дополнувајќи дека Судот ја задолжил земјава, во рок од три месеци по донесувањето на пресудата, да им исплати оштета во различен износ врз основа на нематеријална штета, во вкупен износ од 13.000 евра. Од ЕЦПР велат дека во донесената пресуда апликантите се дел од лицата кои биле жртва на расно профилирање на граничните премини во 2014 година. Тужбите пред домашните судови биле поднесени со заедничка помош од Европскиот центар за правата на Ромите и Македонското здружение на млади правници.

 

Германија и расизмот: Синтите и Ромите се насекаде загрозени

Во Германија за првпат се документира каде и како се случува „антициганизам“. Честопати го има во државните институции. Дали 621 регистрирани инциденти со „антициганска“ конотација во една година се многу или малку? Дали насилството кон Синтите и Ромите се намалува или се зголемува? На овие прашања Центарот за пријави и информации за „антицигански“ појави (МИА) ќе може да даде одговори најрано во 2024 година. Билансот кој сега е претставен е премиера. За разлика од извештајот за состојбата објавен во 2021 година од страна на Независната комисија, отсега натаму новата форма на извештаи е планирана на годишно ниво.  

„Со тоа МИА ќе фрли светло врз серија ‘антицигански‘ кривични дела и инциденти“, пишува во предговорот претседателот на Централниот совет на германските Синти и Роми, Романи Розе. Центарот МИА, кој е финансиран од страна на Министерството за семејство во Германија, не се воздржува од употреба на дискриминирачки зборови заради подобро разбирање на нештата. „Во нашиот извештај на некои места го употребуваме поимот ‘циган‘. Таквиот ‘антицигански‘ поим до денес предизвикува многу страдање, насилство и изолација. Ние поимот го употребуваме колку што е можно поретко и исклучиво во наводници", ја објаснува својата одлука тимот на МИА. Со наводниците треба да биде ставено до знаење дека таквиот поим и „антициганските“ претстави и предрасуди кои се кријат зад него, се само конструкција на мнозинството во општеството, велат од МИА.

Link: https://www.dw.com/mk/rasizam-sintite-i-romite-se-nasekade-zagrozeni/a-66846976

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 348 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата