Oд 350 анкетирани односно собирачи на отпад, 77 проценти се изјасниле дека добро ја познаваат работата со отпадот и дека потребно е само подобрување во организацијата и легализација на „нивната работа", покажало истражувањето што го спровеле компанијата Пакомак и Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) во рамките на Проектот „Застапување и лобирање за надминување на правните и административните пречки со кои се соочуваат неформалните собирачи на отпад и нивните семејства".

Како форма на интеграција, собирачите на отпад предлагаат формирање на т.н. рециклаторски дворови од страна на општините, во кои би се вработувале социјално-загрозените граѓани. Тоа е поврзано и со исполнување на законската обврска со која градоначалниците на општините треба да имплементираат селекција на отпадот по типови кај населението во своите општини. Со тоа би имале официјален статус на вработени со обезбедно здравствено и пензиско осигурување, како и побезбедни услови за работа и сигурни примања

Од испитаниците односно неформални собирачи, 88 отсто се Роми. Според степенот на образование 40 проценти се без образование, а 38 отсто се со основно образование. Што се однесува до состојбата со станбениот статус само 44 проценти од испитаниците имаат сопствен станбен простор, додека 33 отсто изјавиле дека живеат во субстандарни простории или воопшто немаат постојан станбен простор.

Вкупниот број членови на семејствата на испитаниците изнесува 1.465 лица, што во просек изнесува 4 лица-семејство, при што најмногубројното семејство има 8 члена. Вкупниот број собирачи на отпад изнесува 698 лица, што во просек изнесува 2 лица/семејство.

Од видовите отпад, најчесто се собира ПЕТ амбалажа-81 проценти, потоа картонот 45 отсто, лименките и стаклените шишиња. При собирањето на отпадот, речиси не користат заштитни средства. Најголем број од испитаниците, или 37 отсто собира отпад од 10 до 20 контејнерски места/дневно, 25 проценти собираат на повеќе од 20 контејнерски места. За собирање и транспорт на собраниот отпад, 56 отсто од испитаниците користат велосипед со приколка, 28 проценти користат мотор со приколка, а останатите користат запрежни коли или отпадот го носат рачно.

На прашањето дали од продадениот отпад можат да обезбедат доволно средства за живеење, само 4 проценти одговориле позитивно, а 55 отсто одговориле негативно. Од вкупниот број испитаници, делумно обезбедуваат средства 41 остсто.

На прашањето дали би сакале да отпочнат со редовна работа, односно вработување, само 22 проценти дале позитивен одговор, додека 14 отсто дале негативен одговор. Изненадува фактот што најголем дел од испитаниците или 62 проценти, одговориле „не знам".

- Истражувањето укажува на фактот дека неформалните собирачи се реалност и дека тие со никакви репресивни мерки не можат да бидат спречени во нивната „работа". Во моментов се водат како невработени лица, без здравствено и пензиско осигурување, истакнуваат од Пакомак

 

http://vecer.mk/ekonomija/neformalnite-sobirachite-na-otpad-baraat-legalizacija-na-nivnata-rabota


Magazine - Other articles

FaLang translation system by Faboba

Tumare informacie bičhaven
ko amaro email

info@romatimes.news

Partneria

Today 208

Yesterday 600

Week 4082

Month 7889

All 325276

Currently are 60 guests and no members online

Kubik-Rubik Joomla! Extensions